Прво не знаеме од 0 до 100 во која брзина е забрзувањет. Ако голфот има 6 степен менувач, кај него можда е 3-та, а кај алфата да е во 2-ра. Па така ќе се губи време во менувањето кај Голфот.
Понатаму, отпорот од воздухот се зголемува квадратно со брзината. На пример отпорот при 120km/h е 4 пати поголем од оној при 60km/h, а при 180km/h е 9 пати поголем од оној при 60 km/h. На брзини поголеми од 100km/h тежината и разликите во тежина стануваат ирелевантни, поготово во овој случај. Тука аеродинамичноста почнува да игра улога. Затоа и потрошувачката на гориво при брзини поголеми од 100km/h нагло почнува да расте.
Во секој случај, со 30% поголем вртежен момент и степен повеќе на менувачот, после тие 100km/h, Голфот побрзо ќе развива брзина од Алфата.