Незнам дали само на мене ми е чудна Маздава или има и други како мене, Симо мислам дека спомена негде претходно.
Штознам, чудна ми е, ќе ме натера на улица да се свртам по неа, ама не дека е убава туку дека ми е чудна.
Неможам да ја сватам предницата, многу ми е предимензионирана и испакната.
Моторот и возењето во Маздата не би го коментирал, зошто не сум ја возел ниту сум ја возел.
Од друга страна, од оваа класа Акордот иако неколку години постар секогаш би го одбрал пред 6-кава, многу ми е поубав и поелегантен од 6-ката.
Маздава на некој начин ја доживувам како Нисан Џук, те тера да се свртиш да го видиш ама те тера не од што е убав туку од што е чуден.
Задницата на Маздата е одлична, ама како што кажав таа предимензионирана предница ми уништува се поврзано со колава.