На таа карта и се пумпаат цените. Под изговор дека „е квалитетно“ или „е јапонско“ или што ти ја знам. А уствари е царина. Тоа сакав да укажам првично. Полесно се игра со цената кога нема давачки. Во најмала рака ќе дадеш 2000еур на секои 20.000еур за царина. Еве и ако не се 3000 (со малверзации на производителот).
Не секогаш е така едноставно.
Пример:
Honda Civic се прави во Англија и не се плаќаат давачките за неовропски производ.
Accord се прави во Јапонија, и се плаќаат давачките за царина.
Accord има многу подобра цена од Civic от за тоа што го нуди (и покрај што е застарен модел).
Често самиот произведувач компензира за одредени царински давачки, или едноставно се наоѓа модус да продава по ниски влезни цени (за да биде помала давачката за царина и слично), а разликата се надокнадува на друг начин (резервни делови, обуки, лиценца и слично...)
Јас воопшто не би размислувал дали е Made In EU или Made in Non-Eu, туку се гледа цената за конкретен производ и се споредува нејзината вредност (Перцепцијата што ја имаме за цената на некој производ ни е евтино или тамам доколку ни се исполнети нашите очекувања за таа цена. Доколку не се исполнети тие наши очекувања е скапо. Јас секогаш така споредувам дали некој производ е ок цена или не).