Се мислев дали да ги пишам предлогов, плашејќи се од гужви и беснеења ама сепак мислам дека сме другарчиња, доволно се почитуваме и дека нема да ми ја изневерите довербата...
На 12-ти во Петок ќе има метеорски дожд наречен Персеиди. По тој повод јас заедно со колегите од Скопското астрономско друштво секоја година одиме на теренско набљудување додека е активен овој метеорски дожд. Локацијата е:
http://maps.google.com/maps?saddr=41.890114,21.226775&hl=en&ll=41.890106,21.228193&spn=0.005599,0.011362&sll=41.889963,21.227925&sspn=0.005599,0.011362&mra=mift&mrsp=0&sz=17&t=h&z=17Работи што треба да се земат:
1. Да се земе топла облека - два или три пара тренерки, патики со чорапи и за зимурливите капа (заеби Август било)
2. Да се земе креветче или столче на расклопување. Во лежечка или полу лежечка позиција е најдобро
3. Храна и пијалоци - брзо се огладнува поради добрата забава, чистиот воздух, надморската висина и ниската температура
Забрани и ограничувања: сфатете најсериозно
1. Не смее да се користи НИКАКВО светло освен црвена светилка и тоа да се користи минимално!!!! Ќе користиме специјална фото-опрема, ЦЦД камери и слично, не смее да има никакво светло окулу. Ќе има полна месечина, ќе биде светло така да сијалици и не ви требаат. Но ако се мора нека бидат ИСКЛУЧИВО црвени. Кој нема јас ќе му дадам.
2. Не смее да се стартуваат коли и било какви други беснеења и глупирања. Ние ќе вршиме научна дејност не ни се потребни дистракции и попречувања од ваков тип.
3. Консумацијата на жесток алкохол е забранета а пиво во разумни количини.
4. Блицеви исто така НЕ СМЕАТ ДА СЕ КОРИСТАТ ни случајно
5. Врева од муабети смеења и слично не се забранети но се препорачува со разум.
Се трга од пред ЗОИЛ (билна аптека) во 19:30 НАЈДОЦНА БЕЗ МИНУТА ДОЦНЕЊЕ. Таму кога ќе се стигне бидејќи некој од вас сигурно ќе сака да замине порано бидејќи ние остануваме до разденување (поради природата на научниот експеримент). Согласно ова колите ќе се паркираат малку разбдалечени (најмалку 50-тина метри) од местото каде што ќе престојуваме и тоа соодветно паркирани со светлата во сротивна насока од научната опрема. За време на враќањето првите 100 метри од патот ќе ги возите бавно и само со позициони светла, па ќе продолжите во следните 500 метри со средни па после тоа со долги. Јас ќе ве брифирам кога ќе стигнеме таму околу техниките на набљудување и слично.
Ова ветува одлична забава и дружење но само доколку ги почитувате наведените правила. Ако не ги почитувате многу ќе ме налутите и обрукате пред колегите што секако нема да ви биде простено без изклучок. Сума сумарум, оваа покана се однесува само на оние КОИ ОВА ЌЕ ГО СФАТАТ сериозно.
Дискутирајте во темава но ве молам без ОТ и несериозни муабети. Ќе направиме и листа на заинтересирани за да имам во предвид.
Информација повеќе:
http://astronomija.com.mk/vest.asp?id=2575П.С. Музика е секако дозволена од кола со отворени врати, но сепак со исклучено светло