102.5% сум сигурен дека има сарказам во реченицата на banzai 
Нема сарказам

Кај нас има заблуда дека ако немаш осигурување на патници, а се случи сообраќајна незгода сопатникот нема право на надомест на штета.
Со самата полиса за осигурување осигуран е сопатникот од надомест на штета како трето лице, а ако возачот на скутерот/моторот не е крив и он има право на надомест.
Ова осигурување на возач и патници е дополнително осигурување и таму важат други правила и други износи. Ова е исто осигурување како она што го плаќавме како помлади во школо и на факултет по 100/200 денари или пак како некои што имаат на работа. Се надоместува штета само за повреди кои имаат трајни последици, значи не за набиеници, гребаници и слично. И се определува износ во проценти според табела на осигурителната компанија. Замисли ако имаш некоја скршеница не дај боже ќе ти платат 10-15% од осигурената сума, односно во случајот погоре од 150.000,оо денари што е смешна сума. За обична набиеница од осигурувањето од полисата се добива миниум толку.