Зошто би вадел осигурување во ПСС или АМСМ (кои BTW нудат само од ЕУРОИНС а тие се на црна листа за мене) кога имаш милион дилери на АО? Башка на форумов ги има неколку.
Јас ги читав и измените, и да таму се спомнува за налепниците. Меѓутоа, таму е прецизирано дека налепници се задолжнителни за возила кои се подложни на РЕГИСТРАЦИЈА. Како што е познато, М категорија или велосипеди со мотор/мопеди не се подложни на регистрација освен во наведените случаеви.
И мене ми е веќе смачено за пишувам за ова, само сакав да се надминат некои нејаснотии што ги имаме ние сопствениците на мопеди, со тоа што ќе видам изворно како е Законот.
А реално, ако ти имаш АО, кацига, светла, горе доле прописно возиш и да не сум во право околу ова (пошо сите знаеме дека џандарот е во право и џабе се сите Закони) нема шанси џандарот да те замара за тоа.
Толку од мене, кој како сака нека постапува, it`s a free world.