И мене ми беа качени, па ми летнаа преку мотор со остатокот од телото. Си ги собрав, отидовме у кафана, една рачија во уста, една на глава, друга на зглоб, трета на чело....ме опоменаа другари, па престанав да ги бројам 😂
И јас летнав комплет 2011та, ме удри, си избега, си станав, си го собрав моторот, пластиките испокршени на парчиња по асфалт, јас одело комплет на мене, ни гребаница, му се заблагодарив на Бога, си го запалив моторот, се качив, си отидов дома.
Другиот ден нарачав пластики во Хонда, го собрав коа стигнаа и си доби нов газда за неколку дена.
Така беше и со Априлијата, 4-5 блиски средби, некои дури и со контакт, одма заврши во оглас.
И сега си возам само крос, ако се истепам, сам сум крив, нема да треба да утепам некого отпосле.