Сега видов дека имало тема за скутерчиња

Да ја паркирам тука веспата моја, купена Февруари 2017, 50ка, за низ Охрид сосема доволна. Со извадена блокада(мислам дека на варијатор беше) 60 е максимална брзина. Моето е со карбуратор, сега новите се инџекшн и од луѓе што имаат, викаат дека повеќе од 50 не креваат.
За овие две години колку што го имам, никаков проблем, дефект, само бензин и терај. Има дополниотелно монтирани преден визир и оригинален веспа куфер, кој што се безобразно скапи( 550 евра комплет). Инаку за наредна сезона во план е земање нешто 300-400 кубици скутер за подалечни релации, во најтесен избор се Kymco Exiting 400 S i Yamaha XMAX 300, цена идентична, околу 6500, па ќе видиме што ќе биде. Еве една слика од Веспата.
