Јас колку што знам подесувањето за идеална мешавина на бензин/воздух кај 4 тактните кинески скутери се врши на следниов начин во зависнот од тоа кога го правите ова за такви временски услови ќе биде подесена смесата:
1, Загрејте го добро моторот
2, Подигнете го на штендер, моторот нека работи
3, Земете штрафцигер, и најдете го штрафчето за подесување на гас (под седиштето)
4, Задното тркало не смее да мрда
5, Полека појачувајте ја гаста се до оној момент додека задното тркало не почне да се врти, НО да не врти, незнам кај да ви ја објаснам таа меѓусостојба
значи да мрда малку по малку и многу е важно појачувањето на гас да се врши со мали интервали и да се почека бар 30 секунди.
6, Откако ке го направите ова, сега ќе си играте со смесата, точно е тоа дека отприлика е 2-2,5 цели круга, ама пак си варира од скутер до скутер.
Ке зголемувате по 1/4 круг и пак ќе причекате 1 минута да моторот ја прифати смесата. Клучниот момент е кога тркалото ќе заврти, тоа е оптималната мешавина.
7, Откако ќе ја најдете смесата, намалете ја гаста
Тоа е тоа