Гледам сите ние почетници ја имаме истата мака: Кој скутер до 50цц да го купиме.
Барам веќе од минатото лето, идам по дуќани, праам муабет со моторџии окорели, читам рецензии на интернет ...
Мене ситуацијава ми е дупло голо - ем ја сакам до работа да идам ем синко решил за Волт да вози.
Не за џабе викаат не читај многу глаа ќе те боли, мене ми е се каша попара веќе.
Како и да е забележав стандардна македонска ситуација, цени на скутери 90% продавници до евро се исти - конкуренција, отворен пазар - што е тоа?
Да не гњавам со фрустрацииве од продавачите туку да преминам конкретно на прашањето:
Што се препорачува да се купи во ваква ситуација
- SYM, Kymko на ново
- Кинезарија (ItalJet, Peda, Hamachi, Gusite ...)
- SYM, Kymko, Apriglia на старо (јес да цениве се повисоки од нови да ги купиш - смешно)
Секоја помош е добредојдена.
Бидејки никогаш не сум возел мотор/скутер идеата е ако ме бендиса, би полагал за А категорија и би земал 300ка тогаш.