со скутер Hamachi од 50цц колку км најмногу може да се извозат без да прегрее,пошто планирам малце на поголема релација да го возам? иначе е со воздучно ладење
ако му ставиш за 20% потешки ролни, ке намали во старт-снагата, ке добиеш малку по брза крајна но нај битното е што ке добиеш крајна со пониски обртаи. така нема да ти се деси да го заебеш машинчето, кај и да тргнеш.. нема да можеш сам себеси да се туриш во предизвик да го цепаш на пуна гас, зашто и да го направиш тоа, нема да сврти машината на пуна гас... е сега, по тромаво ке биде, ама ке отиде до кај сакаш... и секако после угорнини, како на пример стража или плетвар, застани одмори го на врвот.. ама одмарањето да не ти биде да го изгасиш одма. остави во место да поработи 1-2 минути па изгаси го. нека се подизлади малку (10-15 мин) и после продолжи. џабе е ладењето до крај на машината, зашто ке го запалиш и пак ке дојде до работна температура за брзо време...
п.с. иако е воздушно ладење, тој се лади со перка.. има перка во себе. за разлика од томосите на пример (не сите модели) кои немаат перка, па така работењето во место за него е погубно.