кои ви се условно кажано нај потребни работи во кола.. нешто без што би ви се намалило уживањето или дури и можби, самото возење би ви станало по комплицирано... разни луѓе, разни кејфови, и не зборам за луксузи само туку и опрема разна...
според мене, во мојата кола потребни ми се следниве работи:
-електрика на сите 4 прозори
-клима (по можност двозонска)
-серво
-квалитетен сараунд+вуфер
-затемнети стакла колку што може поише
-подесиовст на волан
-пепелник ОБАВЕЗНО.. и позади по можност уште еден-два
-гпс навигација за кога возам надвор
-ова повлекува и приклучоци за упаљач обавезно
можам да живеам и без абс, аср и останатите елкетронски тракаташки за стабилност. на времето кога палевме гуми и лудувавме, такви работи немаше, па еве жив сум
исто така не ми се пресудни воопшто ни греачи на седишта, волан ретровизори или такви некои “удобности“...