Името на неуништливиот Јапонски теренец во многу земји е повеќе познато одколку името на неговиот произведувач т.е.Тојота,заблагодарувајќи се на неговата издржливост и беспрекорна изработка...
Со самиот почеток на Корејската војна(1950г),се појавиле потреби за 4х4 возила,за кои Јапонската војска и полиција распишале ‘тендерче‘,на кое прво се пријавил Митсубиши(со лиценца за производсвтво на Jeep MB),па Нисан со моделот 4W60(кој подоцна е преименуван во Патрол),па на крајот се пријавува Тојота која во 1951г излегува со прототип наречен Toyota Јeep BJ(истотака по пример на тогаш доста популарниот Јeep,а ознакaта B го означува типот на моторот,додека J означува џип)...Истотака буквата J одтогаш ке остани во употреба како ознака за Тојотините теренски возила...
‘Спартанскиот‘ прототип во стилот на Jeep Willys,со челична шасија,светла прицврстени на браникот,со камионска шасија од 1 тон(вкупна тежина од 1852кг) и со бензиски мотор од 3386ссм3 82кс и 212Њм(заблагодарувајќи се на моторот) бил подобар и од самиот Jeep Willys...Успешноста на BJ прв пробал да ја докажи Ichiro Taira кој пробал да се искачи по 86 скали(скали кои самурајот Magaki Heikuroa ги качил со својот коњ во 1634г,по угорнина од 40%) на планината Mount Atago.Но не успеал во својата намера,заради средишниот дел од својот џип,но брзо потоа успева да се искачи(на некоја си планина) на 2600м.н.в ...Националната војска тие успеси неможела да ги игнорира па затоа го избира Toyota BЈ за службено возило...
Во 1954г Тојота го преименува во Тојота Ленд Крузер што и било предуслов за продажба во други земји...Наредни модели биле Ј2/Ј3 кои биле модернизирани но со истиот мотор кој се вградувал се до 1992г...Со моделот Ј4 се оди во освојување на пазарите на Средниот Исток и Јужна Америка,па така во 1959г почнува да се произведува во Бразил,а воедно тоа бил и првиот чекор на Тојота надвор од Јапонија да произведува автомобили.
Произведени се 10 модели на Тојота Ленд Крузер,во 37 различни моделски изведби,со дури 37 различни мотори(до ден денешен
)...Секој нов модел е на повисоко ниво од предходниот,а Ленд Крузер стана синоним за задоволство,удобност и квалитет на највисоко ниво...
[датотека избришана од администраторот]