Очигледно е дека Мафра Италија не дава ексклузивно право на увоз на одредена територија, па секој може да биде увозник, кој што ќе си изброи парички кај нив. Тоа е здраво за пазарот бидејки конкуренцијата ќе си ја дотера цената. Ако успеат да се договорат, ќе тераат двајцата, ако не, обично поголемиот ќе го изеде помалиот.
Кој и да е треба да се обидат да влезат по бензиските на МП и Лукоил. Ове препарати така најлесно се купујат, дур чекаш сметка на каса за горивото. Не дека веб продажбата не чини. Сонакс успеа во тоа, и веројатно работи на систем на консигнација, што бара дополнителни средства за ангажирање. Истата приказна е и со TurtleWax.