Мене ме интересира нешто друго околу новиве таблички. За споредлива споредба, во Србија има и стари и нови таблички, и исто како кај нас, не е задолжително старите да се заменат, но: со новите таблички не мора да вадат зелен картон за ЕУ+неколку земји од европа (во кои не спаѓа МК), додека ако сакаат да патуваат со старите мора да извадат зелен картон. Применувајќи ги новите таблички, тие станале дел од некоја европска конвенција за автомобилско осигурување или што и да е, со што не им треба зелен картон.
Дали има некој поупатен овде со инсајдерски информации кој би прокоментирал околу ова, т.е. дали има шанси со новите таблички и ние да куртулиме од зелен картон?