Ти си решил да земаш прав теренец а со тоа доаѓа и голема потрошувачка, тој ланд крузер најверојатно има шестак дизел така да пак ќе трошиш пари за гориво горе доле ко со зафирата. Од овие шо си ги постирал ја би те советувал да избегнеш гранд чироки не само тој туку конкретно као модел, компасот и патриотот таман би ти дошле ко за твоите потреби ама нз дали се неш подобри за одржување од гранд чироки. Тојотите ти се двете добри, хајлуксот поготово со таа километража ако е точна и ако го дава под 20 добра понуда е, нисаните шо ти ги постирав не е страшно шо имаат толкава километража, поготово ако не се малтретирани за оф роуд ко што кажа ти, ова пајерово изгледа ко 20 год да е старо и шознам многу некако ценава. Постираниот рав4 да го провериш обавезно