Правите несоодветни споредби...
Прво и основно половно возило е половно, па макар тоа било и Ролс....
Тука сега е друго со споредбите....
Мерцедесот има опрема, да, стар е 10 години и фала богу е извозен...Истрошен...Издрндан...Колку и да бил добар, бил добар пред 10 години...Прво почнува да откажуваат ситници, од типот на звучници, проблеми со конектори, конекции, па кочници, па спони, јабучици, дискови, плочки, па сензор, па незнам гуми, па апуспух, па бла бла бла...И нон стоп ке си чепкаш по нешто...
Новата Киа, колку и да е Киа, е нова...Немаш никакви трошоци за кочници, плочки, гуми, спони, јабучици, ауспух, се функционира како да е ново, сипаш гориво и возиш...
Првите 5 години колку што е и гаранција, ако сака и мотор нека падне...Имам гаранција и освен за редовен сервис за ништо друго не давам ни банка...
Во просек ако поминувам по 10 до 15к годишно за 5 години ке има 75к километри и повторно ке биде понова и посочувана од мерцедес стар 10 години, донесен од Германија кој е невозможно да има помалку од 150 к поминати за тоа време... Тоа у превод би му дошло 50% истрошеност на моторот и 100% истрошеност на се останато....
Уствари да не се убедуваме, ова е некое мое видување...Барем јас така ги гледам работите...
И кога би требало да одбирам, дали ново или половно, за 10к евра попрво би одбрал нова Линеа од салон, одколку стар мерцедес....Тоа е...
Стара кола имам. Додека ја имам ке ја возам...Стара да продадам, за стара да купам и тоа без потекло не би...Барем на мојата стара знам дека ништо не и фали и покрај тоа што е стара...На старата стара ке треба пак да вложувам еден куп пари и делови, а меѓудругото повторно да учам механика за таа за да ја научам...Како не би отишол на мајстор за да ме превари...
НОВО си Е НОВО....Па макар била и КИА!!!