Автор Тема: Pomos/sovet za kupuvanje honda civic  (Прочитано 19998 пати)

Отсутен Panda

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1083
Одг: Pomos/sovet za kupuvanje honda civic
« Одговори #15 на: 02 Август 2011, 21:38:23 pm »
Мој совет од увезените бегај што подалеку освен ептен ептен ако не е од пријател или нешто такво. Пред некое време бев во потрага по кола за другар и од увезеново се што седнав беше тежок крш нашминкан, прешминкан за да се продаде. Мој заклучок беше дека се носи тоа што е најевтино од горе со цел повеќе да се заработи згора на се продавачиве ги вадат и радијата и звучниците, бандажите и кузнае што уште не. Мој заклучок од се ова дека 98% ако не и 99% од тоа што е увезено така за препродажба не вреди ни да го погледнеш.

де бе ти ш напраи 99% или 98% па асакаш да ги направиш сите крш нема да можеш.

околу 70% се кршови, тоа ти е најблиску до реалноста.

Мене ми фаќаат око 4 и 8.

znam i mene tie mi bea vo top 3 izbor,ali ja napraviv temava za da vidam sto i kako mislite vie :)

Јас ти пишав на пп за тие што ги знам, а странскиве ти се мачка у вреќа. Јас кога ја купив почна увозот и сите ме правеа будала што сум ја платил толку од тука, во бугарија биле по 1000-2000 евра, ама јас никогаш не помислив да земам кола од Бугарија. Може сум бил во право, може не.

fala gi vidov tie so i kako se,fakticki se istite 2 hondi sto mu fatile oko na chlink,taka da tuka ste negde so mislenje :)
... From Dream to Reality <3 EK & CG9 & Del Sol <3
... https://www.facebook.com/groups/158997510955715/

Отсутен Igor

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 9498
Одг: Pomos/sovet za kupuvanje honda civic
« Одговори #16 на: 02 Август 2011, 21:51:41 pm »
fala gi vidov tie so i kako se,fakticki se istite 2 hondi sto mu fatile oko na chlink,taka da tuka ste negde so mislenje :)

Не пишав која ми фатила око, туку ти кажав дека таа со МУ таблици се продава одамна и плавата од радишани ако е таа што мислам, е батал невиден. :)

Отсутен MecheTo

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 14292
  • Пудингот на шоферството
Одг: Pomos/sovet za kupuvanje honda civic
« Одговори #17 на: 02 Август 2011, 22:27:23 pm »
третиот линк,добра е Хондата само што има 235.000км,вака гледа добра,а за Хонда тие км не се ништо...другото се е од увоз,а за кола од увоз мислам дека дебатиравте погоре,па да не ве повторувам ;)
God created Turbo Lag to give VTECs a Chance! :D

Отсутен Chlink

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 8534
  • alfa 156 1.8 t.s & alfa 159 2.4 jtdm
Одг: Pomos/sovet za kupuvanje honda civic
« Одговори #18 на: 02 Август 2011, 23:32:30 pm »
Со се се слагам што викате само муабетот ми е дека ак знаеш и те бидува можеш да улеташ и на нешто добро.

Но едно јасно да е, јас зборам за коли да искочиш од тука и да си донесеш, а овие кои се веќе тука добро е познато дека се купувани по теркот битно вози а нај ефтина е, па замачкај малце тука кај нас и шитни му "срцев удар" на човекот.

Јас кога бев, со мене имаше тројца кој купуваа коли по овој терк, триста муабети ми кажуваа. Сите земаа рено клиовци виножито боја по некој си 700 до 900 евра. На едниот до граница му зариба, овие двајцава му се усраа од смеење а и самите на таков ризик идат и во секој момент може да им се деси. Битно муабетот им е "Абе само до гаража да стигнам и ќе го даам за 2500, 1000 чисти му се па друг нека му ја мисли"

Отсутен Bu$aV MeGaNe

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1855
  • Renault Megane R26
Одг: Pomos/sovet za kupuvanje honda civic
« Одговори #19 на: 03 Август 2011, 00:45:27 am »
http://www.pazar3.mk/Listing/Detail/Index/572641?searchID=4401110&Idx=2

Малку е поскапа од другиве,ама појако моторче,а сигурно и ке пушти нешто од оваа цена

Отсутен Sportex

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7879
  • Иштван Беќар Пецарош
    • camouflage.mk
Одг: Pomos/sovet za kupuvanje honda civic
« Одговори #20 на: 03 Август 2011, 15:18:49 pm »
Во Велес една бела продаваат, не приметив на какви табли е? Ако ја видам ќе се распрашам ќе ти кажам ако е тукашна. Велес е мал град двајца ќе частам по едно пиво и ќе ми кажат и кој пички ги има возено у кола! ;D

Отсутен MartinAlfista

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 17504
  • Alfa Romeo Corruption 1.4 Turbo
Одг: Pomos/sovet za kupuvanje honda civic
« Одговори #21 на: 03 Август 2011, 15:35:36 pm »
Друже, види ја само првата од листата. На изглед светљуцава, очувана, убави бандажи, нови гуми, опремена... А малце да ги загледаш сликите, бандажите се исчукани, гумите се неправилна димензија, се гледа дека потесни се од бандажот. Моторот е перен сега тазе, да не се познава колку литри масло пропуштил низ дихтунзите...

Земи си домашно возилце, јес да ги ценат повисоко од другите, јес да иаме полоши патишта од Европјаните, ама далеку попажљиви возачи сме.

Отсутен MecheTo

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 14292
  • Пудингот на шоферството
Одг: Pomos/sovet za kupuvanje honda civic
« Одговори #22 на: 03 Август 2011, 16:00:49 pm »
Друже, види ја само првата од листата. На изглед светљуцава, очувана, убави бандажи, нови гуми, опремена... А малце да ги загледаш сликите, бандажите се исчукани, гумите се неправилна димензија, се гледа дека потесни се од бандажот. Моторот е перен сега тазе, да не се познава колку литри масло пропуштил низ дихтунзите...

Земи си домашно возилце, јес да ги ценат повисоко од другите, јес да иаме полоши патишта од Европјаните, ама далеку попажљиви возачи сме.
Мартин,Хонда не пушта масло пријателе...да дојди до тоа таа треба да нема тркала,врати хауби итн.итн...
God created Turbo Lag to give VTECs a Chance! :D

Отсутен MartinAlfista

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 17504
  • Alfa Romeo Corruption 1.4 Turbo
Одг: Pomos/sovet za kupuvanje honda civic
« Одговори #23 на: 03 Август 2011, 16:03:55 pm »
Мече, и најквалитетна кола ќе рикне ако ја вози некој некадарен. А европјаните се во голема мера некадарни, со оглед на тоа какви кршови се увезени кај нас во последнава година.

Отсутен Tischläufer

  • Le Diesel
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 34097
  • Таков е животот... јебига
Одг: Pomos/sovet za kupuvanje honda civic
« Одговори #24 на: 03 Август 2011, 16:07:12 pm »
Мече, и најквалитетна кола ќе рикне ако ја вози некој некадарен. А европјаните се во голема мера некадарни, со оглед на тоа какви кршови се увезени кај нас во последнава година.
+1

Отсутен MecheTo

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 14292
  • Пудингот на шоферството
Одг: Pomos/sovet za kupuvanje honda civic
« Одговори #25 на: 03 Август 2011, 16:07:16 pm »
Мече, и најквалитетна кола ќе рикне ако ја вози некој некадарен. А европјаните се во голема мера некадарни, со оглед на тоа какви кршови се увезени кај нас во последнава година.
дали мислиш дека Европјаните се поголеми абдали од нас....јас мислам не,ама да не ја труеме темата батали тој муабет....а тоа со кршовите што ги увезуваат,тоа е друг муабет,ама од лично искуство со Хонда која имаше 200.000+км,и која беше максимално малтретирана,слободно можам да кажам дупло од Свифтот на Рики ;),па моторот гајле немаше....
God created Turbo Lag to give VTECs a Chance! :D

Отсутен MartinAlfista

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 17504
  • Alfa Romeo Corruption 1.4 Turbo
Одг: Pomos/sovet za kupuvanje honda civic
« Одговори #26 на: 03 Август 2011, 16:19:02 pm »
Колата може да се малтретирана, ама Рики Свифтчето си го сервисира редовно и уредно. Во Европа, се што е малтретирано и згора на се неодговорно одржувано иде на продажба. Од продажба иде директно во Македонија ;D

Отсутен Jove

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3129
Одг: Pomos/sovet za kupuvanje honda civic
« Одговори #27 на: 03 Август 2011, 16:22:15 pm »
Колата може да се малтретирана, ама Рики Свифтчето си го сервисира редовно и уредно. Во Европа, се што е малтретирано и згора на се неодговорно одржувано иде на продажба. Од продажба иде директно во Македонија ;D
ТОЧНО ТАКА  ;)
Losers always whine about their best, winners go home and fuck the prom queen :)

Отсутен MecheTo

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 14292
  • Пудингот на шоферството
Одг: Pomos/sovet za kupuvanje honda civic
« Одговори #28 на: 03 Август 2011, 16:26:19 pm »
Колата може да се малтретирана, ама Рики Свифтчето си го сервисира редовно и уредно. Во Европа, се што е малтретирано и згора на се неодговорно одржувано иде на продажба. Од продажба иде директно во Македонија ;D
поточно идат на Балканот(не само во Македонија),инаку во Европа,колите ги сервисираат и тоа комплетно,е сега пошо се многу луѓе(пример една Германија е колку 20 Македонии,и може секакви луѓе да се најдат таму,и абдали и пицајзли итн.итн),е сега тоа што кај нас го носат ѓубрето точно е тоа но не во целост....па  на крај краева лесно е да се провери дали моторот чини или не....па и да не чини лесно се менува со нов итн.итн
God created Turbo Lag to give VTECs a Chance! :D

Отсутен MartinAlfista

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 17504
  • Alfa Romeo Corruption 1.4 Turbo
Одг: Pomos/sovet za kupuvanje honda civic
« Одговори #29 на: 03 Август 2011, 16:54:44 pm »
Лесно е да се провери но уште полесно е да НЕ се провери, зашто 50 еура за дијагностика се реално многу за просечно македонче. Се потпираме многу на знаење на „сезнајковци“ локални механичари што вртат круг со колата и ја декларираат како одлична, па после ќе ни гние колата више време кај него у работилница него кај нас у гаража.

Сам си кажуваш, ѓубрето иде кај нас, зашто е ЕФТИНО. А македонче како македонче, прави се за пократок пат до екстра заработувачка, макар и наштетил некому.