СООПШТЕНИЕ:
Драги клабери и клаберки... Нема зборови што можат да ја опишат мојата најискрена благодарност до сите вас, за поддршката, упорноста, истрајноста и особено љубезноста, солидарноста и пријателското расположение, кои ги покажавте во изминатиов период.
Гласањето би требало да заврши на полноќ, меѓутоа според ЕЅТ, тоа веројатно беше некое Eastern Standard Time, или 6 саата пред нас, што на нашки ќе му дојде 6 саат сабајле

Кај мене вика "Your Deadline is august 19th, EST"... Е сеа малце е зезнато, што не кажува дали е deadline за додавање слики, или тогаш завршува гласањето

Претпоставувам дека за некој саат ќе дознаеме

Резултатите се очекуваат према средината на Септември.
Уште еднаш, најискрено ви се заблагодарувам на сите!
П.С. Ако по некоја случајност уште трае гласањево, ќе ве малтретирам уште повеќе
