Пред околу 1 месец ми се случи првиот проблем со Толедото, односно на брзина околу 120км/ч ми исклучуваше турбината и колата се понашаше како обичен дизел и повеке од 140км/ч не мрднуваше.
При гасење и повторно палење се вракаше работата на турбината али до моментот додека достигне брзина поголема од 110-120 и повторно исклучуваше.
Пошто возилото се вози 95% во градски услови, помислив дека ке ја издувам и се ке се врати во нормала( првото исклучување се случи на излез од Скопје, а одев за Ханиоти), али и после поминати 700км проблемот си остана.
Се обратив во сервис Митревски од каде ми беше посочено дека заглавува турбината и дека ке треба да се чисти и дека во 90% од случаите се решава проблемот со чистење на турбината, нормално доколку нема механички пореметувања на самата турбина.
Кога веке ке се вади турбината за чистење одлучив да се исчисти и ЕГР вентилот заедно со граната и да се заменат сите вакум црева што одат од и во турбината и да се изврши редовен сервис(филтри и уље) пошто беше време за промена.
При вадење на турбината беше забележано дека вакумот од турбината не функциониора кој што беше заменет со половен вакум, отворите на граната беа 50% запушени со гареж, исчистен ЕГР вентилот, променети сите црева и извршен редовен сервис.
Целата операција беше беспрекорно и професионално завршена од страна на сервис Митревски, колата се однесува поживо, турбината не исклучува, првите впечатоци се позитивни.
Колку ме чинеше целата интервенција:
-редовен сервис-600 ден.
-чистење турбина-3000 ден
-чистење грана и ЕГР вентил-2000 ден
-половен вакум-2400 ден
-промена на црева(околу 3 метра)-500 ден.
-ВКУПНО 8500 денари