Кај 15-40 и 20-40 пишува за употреба кај надворешни темепратури кои не паѓаат под -10 односно -15 а гледаш не е назначено за летно време значи горен плафон на темеопратура летно време.
Кај ретките масла 10-30 гледаш вели во температурен опфат од -20 до +40, значи за широк опфат на темепратури.
Кај 0-30 кое е многу ретко масло вели непрепорачано за долготрајно возење на поголеми брзини, зошто и онака реткото масло, на поголем број на вртежи ќе се загрее уште повеќе и ќе стане многу ретко. Затоа 10-60 дури градација се смета за тркачка, пошто таму температурата на маслото кога ќе отиде накај 150+ само бајаги густо масло може да ги задржи карактеристиките. Тоа значи дека 10-60 на 100 степени е бајаги густо, ама на 150 степени станува таман. А 0-30 на пример ако е таман накај ретко на 100 степени тогаш на 150 ќе почне веќе да испарува, ќе нема ич вискозност.
Заклучок, кај нас ретко кога температурите паѓаат многу ниско под -20 така да според тоа 10w ти е доволно. А кај горната граница гледаш SAE 30 вика до 40 степени, а кај нас летно време често оди температурата над 40 степени. Башка рачунај со кола возиш тргни-застани во сред Јули, каде темпаратурата наасфалтот е +70.
Така да според ова упатство јас би ставал 10-40 полусинтетика како минимум, а ако не ми прави разликата во цена би одел со 5-40 кое подолго време ја задржува вискозноста и има подобри својства на подмачкување. 5-30 или 0-30 би ставал кога би живеел во Норвешка некаде или во Аласка каде е во просек бајаги ладно.
Само ме буни, можеби е грешка кај САЕ 0w-30 цели од -10 до 10. Ќе да треба од -30 до 10 да стои ако се водиме според ознаките.
ЕДИТ: Горе кај што пишува само SAE 30, тоа се однесува на масло кое не е multigrade. Не знам дали уопште се продаваат такви масла веќе.