Ајде едно прашање за поискусните. Наредниот сервис на бравото 1.9 мултиџет одлучив да му ставам равенол со градација 5w-40. Е сега според спецификациите на Фиат од равенолот ми дава само едно масло кое не е фул синтетик,btw треба да исполнува acea c2/c3. Фул синтетик од равенол 5w-40 имаат acea a3/b4. Дали би било некаков проблем ако ставам некое со acea a3/b4?
На последниот сервис ставив Мобил ЕСП 5w-30,ама тоа масло не е фул синтетик туку беше хидрокрак. Затоа сега сакам да преминам на фул синтетик,да видам дали ќе има некаква разлика.
Или да го одберам маслото со препорачаната градација за мојот мотор 5w-30,такво би било Равенол вмп 5w-30.
Да напоменам,колата има поминато 230 000 км.