Во август направив мал сервис на бравото 1.9. Тогаш се мислев меѓу Мобил ЕСП и Тотал ЕЦС. Одлучив да дадам повеќе пари и зедов Мобил. После 4 месеца здраво возење приметив две работи. А тоа е дека моторот работи потивко и дека повеќе забрзува. Највеќе сум приметил кога ја возам колата во 3та брзина и натиснам полна гас на 2000 обртаи,мислиш патот го корне. Шо со претходното уље шо беше ставено кога ја купив не беше таков случај. Претходниот газда имаше ставено Арал супертроник.
За нареден сервис ќе ставам Тотал,само поради тоа што сакам да ја видам разликата меѓу него и Мобилот,да проверам дали вреди да дава човек 2000 денари плус за уље.
Инаку ако некој некогаш се двоуми дали да стави Мобил ЕСП или некое друго во исти ранг,без двоумење ставете Мобил. Јас сум презадоволен.