Друштво, да споделам и мое искуство со “ELF 10w40’.
До сега во мојата Toyota Corolla 1.6 мислам дека нема масло кое не сум го пробал (TOTAL, ARAL, LIQUI MOLY) и со ниедно немав проблем.... арно ама од кога ставив “Elf 10w40’ моторот почна чудно да работи односно да се слуша тропкање додека не е загреан, нешто слично како дизел. Од кога ќе се загрее звукот исчезнува и се е нормално.
По 5000-6000 км. го однесов во сервис и ми кажаа дека е до клацкалките на вентилите бидејќи кај мене биле хидраулични и поради пореткото масло се појавувало тропкање.
Ми препорачаа да го заменат со Selenia GOLD 10w40 (500 ден/литар), по замената го нема више тропкањето и се работи супер.
Ова е мое лично искуство па можеби на некој ќе му помогне ако има сличен проблем.
Исто така и приметив дека потрошувачката на маслото “ELF 10w40’ е повисока него кога користам друго, што ми го потврдија во сервисот дека се случува и на други возила.