@Tischläufer
Фала ти за појаснувањето.
Сега имам барем малку поширока слика за оваа проблематика.
Во контекст на муабетов да се надоврзам. Имам прашање. Според прирачникот треба да менувам моторно масло со назнака ACEA C3. Но кога истражував на интернет забележав дека, на пример, можам да користам и 5w30 со назнака ACEA A3/B3 или ACEA A3/B4. Е сега, од она колку што можев да сфатам потенките масла се добри за подобро подмачкување на моторните делови, а подебелите (погустите) биле подобри, на пример, во зимски услови или ако возиш често на нагорнини каде бара поголема сила и е пооптоварен моторот за искачување. Ако имаш малце време ќе можеш накратко да ми појасниш за ова?
Не баш, работите стојат обратно. Потенките масла се подобри за зимски периоди и подмачкуваат полошо од подебелите.
Штосот со подебелите масла е што создаваат подебел филм и подебел слој помеѓу металните делови а со тоа и подобро подмачкување.
Понатаму важно е што подебелите масла остануваат подебели и на повисоки температури. На пример во градски услови на возење темепратурата на маслото ретко надминува 90 степени. Но при побрзо возење на отворено или на узбрдици под поголемо оптоварување темепратурата на маслото може да се качи и до 120 степени.
Јас сега во април кога ја регистрирав, на податоците за мерење на издувните гасови имаше и температура на масло и на истата пишуваше дека е 142 степени.
Е сега ова со подебели масла. Дали за да добиеш подебело масло треба само втората бројка да се зголемува ?
Пример 5-40 и 10-40 масло (од ист производител да се), според она што сум читал во табелите со нивните спецификации, на 100 степени горе доле имаат слична вискозност, што значи дека на загреан мотор ако сакаш подебело масло мораш втората бројка да ја зголемуваш.
Многу луге сметаат дека пример наместо 10-40, ќе стави 15-40 и добил подебело масло. Да, си добил, ама само на ладен мотор, на загреан мотор малтене исто ќе биде, чак што 15-40 бидејки е минерално уште побрзо ќе ги изгуби својствата него полусинтетско или синтетско.
Затоа и на мојата шкода би сакал да пробам како би се однесувала со 5-40 масло.