И онака не ги возиме маслата по 15К км како што препорачува производителот, а и во продавницата денес така ми рекоја, туку го менувам на 8к км т е еднаш годишно, та било оргинал,та не.
Мене ми беше чудно во сервисната дека колата изгледаше понекогаш малку запоставено, јас одсекогаш од 8/10 илјади сум менувал масло на колата, кај мојава некој сервис беше на 9,000, некој на 12, некој на 14 илјади. Кога прашав на бмв форум, зошто е така ми рекоа дека тоа возило има интервал за менување 20,000km што ми беше многу чудно, инаку и во компјутерот на колата кога ќе го ресетираш враќа 20,000км за вожња. Нивото на масло никогаш не ми се сменило, колку ставам толку вадам, последниот сервис на скоро 11к км го направив и немаше потрошено масло, беше во нормална состојба кога го исцедив. Веројатно препорачаната километража за промена на масло е за со LongLife масло, а не со нашиве какви и да се...