Кај мене е 10W-40, Fuch Titan Syn MC
Неколку години по ред ставам fuchs и дефинитивно немаат означено датум на големата боца. Сега ги погледав последните боци, на 4 литарската нема баш ништо, на таа од 1 литар го пишува следното:
102044921
PL 10 5287
Инаку мaслово е од fuchs-oil.pl не е од .de како на првата фотографија.
Сега ќе им напишам маил на полската фабрика/сајт, инаку размислувам за друго масло пошто не ми се допаѓа да не можам да знам датум на производство.
Претпоставувам во продавничката во Хром е истото fuchs масло како во Аутофилтер. Еден увозник има колку што знам, им бев лани во претставништвото ама не продаваат на мало.
Малце постар пост ама верувам ќе им се најде и на другите.
Тоа PL 10 значи дека е произведено во Полска, додека ако е произведено во Германија ќе пишува D00.
Наредните бројки се битни и првата бројка означува ден од недела, вторите две бројки означуваат која недела е, а последната бројка која година е произведено. Значи во твојов случај е произведено 5ти ден од 28ма недела од 2017.
Сигурен си за ова? Можеш да споделиш каде ја најде информацијава?
Значи ако 5287 е 5ти ден, 28ма недела, 2017... Тогаш (на пример) 2020 со една цифра ќе ја напишат 0?
Многу безвезе работа е ова со нечитлив датум, таман за малверзации. 2 години и така и така ама следен пат не би земал 3+ години старо масло дури ни со попуст а уште помалку по фул цена... После година+ пред следното менување таман 5 години ќе се направат, колкав % од адитивите ќе останат активни после 5 години?
Што е поентата во редовно менување масло ако маслото е повеќе години старо? :-/