Денес поминав во една продавница за масло (карши ЖУЦ) и дечкото ми нудеше Mobil ( на точење од буре 350 ден за литар) и имаше Total 7000 (1600 ден 5 литри) и Elf (1600 ден 5 литри ) Ме стави во мисла за кое да се одлучам, може ќе ми помогнете или со некој друг предлог.
Инаку се работи за 10w-40 полусинтетичко масло за бензинец 1.4 од 2001 год.
Никогаш немам видено елф масло на точење, Рено како бренд користат исклучиво Елф и во сервисот маслото им е во пакување по 5л. Сигурно ако имало варијанта со буре ке одиле на таа варијанта.
Од кај ти тоа дека во Рено сервисот точат ЕЛФ? Веќе 3-4 години ЕЛФ не стапнал во Рено кај нас. Пред година дена тоичеа Rheinol а сега точат Motrio. И двете масла се срање живо.
Не знам во кој овластен сервис рабодиш, ако работиш во рено сигурно знаеш дека ги има повеќе овластени сервиси. Во сервисот кај што го одржувам во Гевгелија, друго уље освен Елф нема. Пред неколку години пробаа да стават Мотрио и тоа ако сака клиентот, ама за неколко месеци го избација целосно. Сега само филтери за уље користат од програмата на Мотрио.
Во сервисот можам да гледам додека ми ја сервисираат колата и можам да гледам што ставаат на неа. Така да секојпат отвораат нова туба од 5л и ако си го побарам остатокот ми го дават.
ЕДИТ: Сега ја погледнав сервисната книшка и на неа е назначено дека маслото е ELF EXCEL LDX 5W40