Автор Тема: Mobil, Total, Elf или какво масло ?  (Прочитано 1753213 пати)

Отсутен Simo - Carrier159

  • Сам свој мајстор
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 43722
  • Il Moderatore
Одг: Mobil, Total, Elf или какво масло ?
« Одговори #1335 на: 02 Мај 2013, 17:05:12 pm »
ако екстра бонче е проблем, нека го земе уљето на рати со Diners :)

Auto ko i svaka Alfa automatski nevalja. Da je najbolji auto na svijetu - opet nevalja jer je Alfa.
Da Alfa nevalja će ti potvrdit SVI koji nikad nisu vozili istu. Jer da valja onda bi je vozili. A kako nisu - nevalja.

Отсутен bramovsk

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3878
Одг: Mobil, Total, Elf или какво масло ?
« Одговори #1336 на: 02 Мај 2013, 17:06:34 pm »
Теоријата вели заштедата на гзпапир се враќа преку прашакот за паерње. Кој што ќе даде ќе видиме.

Отсутен Deni

  • Photo & Light
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 54990
  • Махер
Одг: Mobil, Total, Elf или какво масло ?
« Одговори #1337 на: 02 Мај 2013, 17:15:33 pm »
И после милибродот сув.



Епа сув...

Отсутен Kimi R

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3009
  • "Just leave me alone, I know what I'm doing"
Одг: Mobil, Total, Elf или какво масло ?
« Одговори #1338 на: 02 Мај 2013, 20:00:07 pm »
Не знам кој ти се параметрите за избор на уље но јас би одел секогаш на fully syntetic  Excellium за ELF на пример. Симо ви прати одличен линк добро е да се исчита тоа. Можеби си поминал 1000 ден поевтино, и најверојатно доволно добро масло е тоа но  јас не би штедел ни денар на масло и циклуси на менување.
Парамтерите за избор на уље ми се, да е со исти спецификации како она што ми го ставале во овластен, односно она што го пишуе во упатството. Не гледам зашто да ставам фул синтетик, кога колата од фабрика ми ја пуштиле со полу синтетитика, у упаство пишуе полу, у овластен ми ставаат полу. Колата убаво си работи и јас сум си задоволен. Згора на тоа, остајте тоа ја што ја возам колата, ама студент сум, не сум ја купил, ниту пак иам приходи со кои што би го одржувал возилото. Кога ќе си купам сам со свои пари кола и коа ќе си имам свои приходи, нема да треба да убедувам никого, во случајов татко ми, што е подбро и зашто да го купам поскапото, ќе го купам она што јас ќе сакам. Плус, не гледам како би и наштетил на колата ако и ставам полу синтетско масло.

Отсутен n1kola

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6849
  • French diamond
Одг: Mobil, Total, Elf или какво масло ?
« Одговори #1339 на: 02 Мај 2013, 20:30:11 pm »
ELF

10w-40  1280 денари

5w-40  1600 денари.


Како што знам за постар мотор, нема потреба да се оди на full sintetic, разликата во цена е минимална па се мислам дали овај пат, по прв пат  да му ставам full синтетик ? 180К има поминато.

Отсутен Dodo

  • Бемвекријачко Пе*ерче
  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 2785
Одг: Mobil, Total, Elf или какво масло ?
« Одговори #1340 на: 02 Мај 2013, 20:33:02 pm »


Со здравје да си ги носисш, одличен избор! Јас се мислам да купам уште еден пар, сега имам од сивите

Отсутен nsx-r

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 9213
Одг: Mobil, Total, Elf или какво масло ?
« Одговори #1341 на: 02 Мај 2013, 20:45:03 pm »
ELF

10w-40  1280 денари

5w-40  1600 денари.


Како што знам за постар мотор, нема потреба да се оди на full sintetic, разликата во цена е минимална па се мислам дали овај пат, по прв пат  да му ставам full синтетик ? 180К има поминато.

фул синтетичкото масло е ретко и подобро подмачкува но за поневини мотори :D
на 180.000 ќе го троши,ако не те мрзи премногу редовно да проверуваш ниво на масло тури си фул синтетичко :)

Отсутен Igor

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 9498
Одг: Mobil, Total, Elf или какво масло ?
« Одговори #1342 на: 02 Мај 2013, 20:48:51 pm »
Јас стварно незнам од кај ви е тоа генерализирање дека мотор со 180 000 ќе троши синтетичко масло.

Отсутен nsx-r

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 9213
Одг: Mobil, Total, Elf или какво масло ?
« Одговори #1343 на: 02 Мај 2013, 20:51:18 pm »
до сега со 2 различни мотори од различни марки ми го трошело

моето искуство вика така

Отсутен bramovsk

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3878
Одг: Mobil, Total, Elf или какво масло ?
« Одговори #1344 на: 02 Мај 2013, 20:53:02 pm »
ELF

10w-40  1280 денари

5w-40  1600 денари.


Како што знам за постар мотор, нема потреба да се оди на full sintetic, разликата во цена е минимална па се мислам дали овај пат, по прв пат  да му ставам full синтетик ? 180К има поминато.

Јас во мојот ZX секогаш ставав Total Quartz 9000 иако немаше потреба можев и 5000  да ставам, во Самарата ставав Castroll full synthetic, овие коли сега што ги возам не ни помислувам нешто под тоа. Она што Симо го прави ако не сте приметиле е да го употребува најдоброто на пазарот што може да се најде за неговите мотори. Ниеден мотор никогаш не покажал никакви знаци на оштетувања, ниту на ZX 190к, ниту на Punto-то 140к+, ниту на килите кои подоцна ги имаме возено и ги возиме. Стилото на Симо работи како сега да е излезено од фабрика. Нема да приметиш разлика да не знаеш. Секако никојод нас не мора да фрла екстра иљадарче за уље, ама токму оваа „навика“ е покажала како најдобр стратегија за чување на здрав мотор долгорочно.

Уље и филтер за уље е потрошен материјал за кој јас не би правел компромис. Поарно да не поминам 200км и парите од горивото да ги дадам за ова.

Што се однесува до тоа 5w-40 предпоставувам дека е Excellium не ги знам сите верзии, битно е да е full synthetic и да ги задоволува минималните барања специфицирани од производителот. Мислам дека производителите користат многу исти добавувачи на адитиви и да речеме дека Total и ELF веројатно се потполно исти во совојата основа, така да изборот на бренд во рангот на премиум брендовите не би рекол дка е толку битно колку рангот на самото уље.

Отсутен Igor

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 9498
Одг: Mobil, Total, Elf или какво масло ?
« Одговори #1345 на: 02 Мај 2013, 21:01:39 pm »
до сега со 2 различни мотори од различни марки ми го трошело

моето искуство вика така

Искуството на мои блиски луѓе (тоа го потенцирав затоа што не ме лажат, а и сам имам погледнато кога проверуваат) вика:

BMW 320D   250 000km
VW GOLF MK5 ~200 000km

Во двете се става најдоброто синтетичко масло што се наоѓа кај нас за соодветните мотори, и не трошат ич од менување до менување. Дури со продолжен интервал на менување.

Отсутен bramovsk

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3878
Одг: Mobil, Total, Elf или какво масло ?
« Одговори #1346 на: 02 Мај 2013, 21:16:27 pm »
до сега со 2 различни мотори од различни марки ми го трошело

моето искуство вика така

Значи можно е некој тип на уље да ти покаже зголемоена потрошувачка на уље. Секако дека оние комбинации како што ги имаше Valvoline за изрндани мотори се направени за да се намали потрошувачката на уље. Ама јас би ставил поарно уље па и да го троши 0,5Л на 1000км.

Отсутен SaleSk

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6130
  • 69
Одг: Mobil, Total, Elf или какво масло ?
« Одговори #1347 на: 02 Мај 2013, 21:27:37 pm »
Незнам баш дали секој месец ке сипуваш кантичка од 400 денари...Тогаш и нема да има потреба да менуваш уље...Цело време ке си имаш свежо...

А ние како македонци сме секогаш најпаметни...
Пошто ако производителот препорачува полусинтетика, 10-40, незнам зошто ке се правам попаметен па ке ставам 5-50 или 5-30 или 0-30 или незнам што, со изговор дека колата ке ја бркам, ке возам на високи вртежи и уште 300 други глупости...
Се додека колата е со спецификација од производителот, ако сакаш и у прва на 6500 возија, подобро ке се однесува со препорачано масло одколку со некое за кое не знаеш дали ке одговара на тој мотор...
Има мал милион параметри ради кои ете баш тоа е препорачано. Да можело и некое друго, со друга градација СИГУРНО ама баш СИГУРНО ке биде наведено во корисничкото упатство.

Исто како и адитивине што ги бутате по новине коли...Па после ви светеле сијалички за притисок на масло, па сијаличка за незнам што па како и зашто...
Ама, ете...
:)
Dusevno bolniot covek nikogas ne napagja bez pricina.Po toa se razlikuva od normalnite ludje.

Отсутен bramovsk

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3878
Одг: Mobil, Total, Elf или какво масло ?
« Одговори #1348 на: 02 Мај 2013, 21:40:27 pm »
Ај за оние што не упднале во топикот, читнете па сами решете дали ќе се правите „паметни“ или едноставно ќе си терате како што препорачува упатството, или па ќе одите по принцип „јас Отима Делта 5 му ставам на мојот турбо дизел ниште не му смета“..

Еве едно убаво штиво кое може ќе помогне:

http://ferrarichat.com/forum/faq.php?faq=haas_articles#faq_motor_oil_basics

И јас не ги ставм уљињата затоа дека мислам на трки да одам, туку затоа што мислам дека разликата во цена не е голема а добивката е. Може се лажам.

Отсутен bramovsk

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3878
Одг: Mobil, Total, Elf или какво масло ?
« Одговори #1349 на: 02 Мај 2013, 21:43:17 pm »
Има мал милион параметри ради кои ете баш тоа е препорачано. Да можело и некое друго, со друга градација СИГУРНО ама баш СИГУРНО ке биде наведено во корисничкото упатство.

Некои типови на уље се смислени и произведени по пишувањето на упатството.