И јас имам впечаток дека квалитетот на Пежо (206,307) е доста поголем, споредбено со нивните браќа од Цитроен (Ц3, Ц4).
Да не се разбереме погрешно, Пежо со нивната електрика (стално цркава некоја сијаличка, некој прекидач може да прекине да работи) не се совршени, али кога ќе ги споредам со Цитроеновите модели од тоа време, конкретно 307 наспроти Ц4, дефинитивно 307ците се посолидно склопени, го нема оној празен звук кога ќе затвориш врата, мислам дека суспензијата е нешто посолидна (иако и во Пежо не е којзнае што) и мислам дека ги има многу повеќе од Цитроените. А и многу 206ки и 307ци се увезоа, а Ц3 и Ц4 мислам дека не се увезоа во толкав број.
Тоа значи дека ќе имаш поголем избор на резервни делови (половни и нови), а и Еуроимпекс не дека ги фалам али увек имаат добра залиха на делови. За Автонова незнам како стојат работите.
Сума сумарум, и јас би те советувал да земеш Пежо со исти спецификации наместо Цитроен.