Автор Тема: Plinski ured kaj motori so direkno vbrizguvanje FSI,TSI,JTS,DIRECT,DI-SI,D-4,GDI  (Прочитано 51229 пати)

Отсутен plimont

  • Модератор
  • Јуниор
  • *****
  • Пораки: 868
  • http://www.plimont.com тел.02/2554-666
    • galerija
       Иако ова беше новина пред нешто повеќе од една година, и во меѓувреме во плимонт вградивме поголем број на ,,Omegas direct” уреди, сепак евидентно е дека има потреба за подобра информираност на сопствениците на автомобили со директно вбризгување  на гориво.
Во досегашната пракса најчесто се вградуваа плински уреди во FSI и TSI моторите на групацијата VW (Volkswagen, Audi,Seat,Skoda), нејчести варијанти на мотори се 1.4 TSI и 2.0 FSI.
,,Omegas direct” уредите во однос на возни својства , издржливост и потреба од сервисни интервенции покажаа исти карактеристики како и останатите  стандардни уреди на компанијата ,,Landi Renzo”. Нема забележани проблеми во нивното функционирање и нема појава на негативни ефекти врз самите возила.

За разлика од конверзијата кај стандардните ,,MPI” мотори, кај моторите со директно вбризгување има два нови моменти:
(1)   Специфика на плинските уреди кои се наменети за вградување во возила со директно вбризгување е што се произведуваат како посебна варијанта за определен тип на мотор, што претставува копликација за поседување на лагер од уреди за секој тип на мотор. Плимонт направи напор да  обезбеди  плински уреди за повеќето типови на мотори со директно вбризгување, договори брза мрежа на достава на уредите кои ги немаме на лагер,  со што всушност го отвори пазарот за сериско конвертирање на овие возила на плински погон.
Најголемиот број на возила со директно вбризгување  кои сега се најавуваат за конвертирање на плински погон во можност сме веднаш да ги услужиме. За моделите за кои е потребно да се нарача уред, за испорака се чека до 7 дена. Во ретки случаи кога потребниот уред го нема на лагер ниту кај производителот се чека до 30 дена.
(2) Специфичност е што моторите со директно вбризгување по конвертирањето на плински погон ќе работи плин со контролирано вбризгување од 8 до 18 % на бензин (split-fuel).  Причината е веќе општо позната, не смее да се искључи вбризгувањето на бензин, за да не дојде до прегревање на бензинските инјектори. Голем дел од прашањата на клиентите се однесува на овој момент, поради калкулирање на исплативоста и времетраењето на повраток на инвестицијата. Од нашето досегашно следење, во пракса возилата трошат до 12% проценти бензин. Ретки се случаите кај кои потрошувачката  на бензин е во висина од 18% како што се ,,ecoboost” моторите на форд, и возилата кај кои заради нередовно одржување или амортизираност на моторот заради голема бројка на поминати километри мора да се калибрираат на ниските вртежи  (лер гас), да работат на бензин.

Мора да се нагласи дека се работи за вградување на плински уред во мотор со директно вбризгување, кој во основа е многу покомплексен мотор во споредба со класичниот  ,,MPI”  бензински мотор, и кој бара прецизно почитување на процедурите  за одржување и сервисирање (со оргинални резервни делови и со оргинална сервисна апаратура)  пропишани од страна на производителот.  Ова е важно за да се избегне поголемо учество (од 18%) на бензин во вкупната потрошувачка на гориво.  Во таа насока од голема корист е соработката на плимонт со Порше Македонија.

Голема благодарност за подршката која ја имаме од страна на сервисниот тим на Порше  уште од самиот старт на нашата програма за FSI и TSI возила, нивната стручност и подготвеност да ни излезат во пресрет.



Audi 1.8 tfsi:
 

 







Seat 1.4 tsi:










Skoda 2.0 FSI:








Skoda 1.2 TSI:










Volkswagen 2.0 FSI:









Volkswagen 1.4 TSI:









« Последно менување: 25 Јануари 2014, 12:38:43 pm plimont »

Присутен Simo - Carrier159

  • Сам свој мајстор
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 43707
  • Il Moderatore
Одг: Plinski ured kaj motori so direkno vbrizguvanje FSI,TSI,JTS,DIRECT,DI-SI,D-4,GDI
« Одговори #1 на: 25 Јануари 2014, 10:45:44 am »
Јас може малку досаден, ама да си прашам, Дали се подобри работата во врска со 1.9 2.2 и 3.2 JTS моторите на Alfa (конкретно вградувани во 159-ка) за вградување LPG? Последната информација од пред повеќе од година дена беше дека не се поддржани.

Auto ko i svaka Alfa automatski nevalja. Da je najbolji auto na svijetu - opet nevalja jer je Alfa.
Da Alfa nevalja će ti potvrdit SVI koji nikad nisu vozili istu. Jer da valja onda bi je vozili. A kako nisu - nevalja.

Отсутен Igor

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 9498
Одг: Plinski ured kaj motori so direkno vbrizguvanje FSI,TSI,JTS,DIRECT,DI-SI,D-4,GDI
« Одговори #2 на: 25 Јануари 2014, 10:49:37 am »
Браво, браво. Ме интересира колку имаат поминато гореспоменатите возила од инсталирањето на плинскиот уред и дали е потребно посебно сервисирање (пократки сервисни интервали и сл).

Околу исплатливоста (грубо), возило што би трошело 7 литра бензин за 100км би потрошило 550 денари. Возилово со плински уред, доколку користи ете 15% бензин (ако земеме дека би трошел иста количина на гориво) би потрошило 340 денари.

На 10 000 километри разликата е 55 000 vs 34 000 денари.
Уредот претпоставувам е доста поскап од уред за обичен MPI, па ќе биде потребна така поголемка километража за да се исплати ама не е ништо невозможно ако се поминува доста годишно. :)

Отсутен Tischläufer

  • Le Diesel
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 34097
  • Таков е животот... јебига
Одг: Plinski ured kaj motori so direkno vbrizguvanje FSI,TSI,JTS,DIRECT,DI-SI,D-4,GDI
« Одговори #3 на: 25 Јануари 2014, 11:16:59 am »
55000-34000 = 21000. Ако уредот чичи 1000 евра тогаш ќе се исплати после 29.000 км поминати од прилика, што уствери е окулу 2 години возење

Отсутен Deni

  • Photo & Light
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 54984
  • Махер
Одг: Plinski ured kaj motori so direkno vbrizguvanje FSI,TSI,JTS,DIRECT,DI-SI,D-4,GDI
« Одговори #4 на: 25 Јануари 2014, 11:18:36 am »
Браво, браво. Ме интересира колку имаат поминато гореспоменатите возила од инсталирањето на плинскиот уред и дали е потребно посебно сервисирање (пократки сервисни интервали и сл).

Околу исплатливоста (грубо), возило што би трошело 7 литра бензин за 100км би потрошило 550 денари. Возилово со плински уред, доколку користи ете 15% бензин (ако земеме дека би трошел иста количина на гориво) би потрошило 340 денари.

На 10 000 километри разликата е 55 000 vs 34 000 денари.
Уредот претпоставувам е доста поскап од уред за обичен MPI, па ќе биде потребна така поголемка километража за да се исплати ама не е ништо невозможно ако се поминува доста годишно. :)
Kaко што Фаланга би ти рекол интервалите може да се и подолги, а не пократки. :)

П.С. Возило што троши 7литри бензин е Ајго или Цитроеен Ц1. Овде имаш многу пологични примери како Ауди (10-11 литри) или Тигуан (10-11 литри) или Леон (8,5 литри) направи ја пак пресметката со реални бројки и ќе добиеш резултат. Ако тргнеш дека колата ти троши 4л бензин во град, јасно дека нема да ти се исплати плин да и ставаш.

Присутен Simo - Carrier159

  • Сам свој мајстор
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 43707
  • Il Moderatore
Одг: Plinski ured kaj motori so direkno vbrizguvanje FSI,TSI,JTS,DIRECT,DI-SI,D-4,GDI
« Одговори #5 на: 25 Јануари 2014, 11:20:23 am »
Инвестицијата во плинскиот уред ќе ти ја изедначи куповината на автомобилот со соодветно дизел возило. Потоа си во прeдност ;)

Auto ko i svaka Alfa automatski nevalja. Da je najbolji auto na svijetu - opet nevalja jer je Alfa.
Da Alfa nevalja će ti potvrdit SVI koji nikad nisu vozili istu. Jer da valja onda bi je vozili. A kako nisu - nevalja.

Отсутен Igor

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 9498
Одг: Plinski ured kaj motori so direkno vbrizguvanje FSI,TSI,JTS,DIRECT,DI-SI,D-4,GDI
« Одговори #6 на: 25 Јануари 2014, 11:30:33 am »
@Deni

Под пократки сервисни интервали не мислев заради поминатиот пат, туку дали се потребни од гледна точка за овој уред. Пример да се сервисира на 7000 км наместо на 10 .. и сл.

А потрошњата ете ја земав некоја комбинирана накај отворено за средна класа возило 1.4tsi (леон, голф..). За градска фала богу друга ситуација ќе се добие.


Инвестицијата во плинскиот уред ќе ти ја изедначи куповината на автомобилот со соодветно дизел возило. Потоа си во прeдност ;)

Точно.

Отсутен plimont

  • Модератор
  • Јуниор
  • *****
  • Пораки: 868
  • http://www.plimont.com тел.02/2554-666
    • galerija
Одг: Plinski ured kaj motori so direkno vbrizguvanje FSI,TSI,JTS,DIRECT,DI-SI,D-4,GDI
« Одговори #7 на: 25 Јануари 2014, 13:30:23 pm »
Јас може малку досаден, ама да си прашам, Дали се подобри работата во врска со 1.9 2.2 и 3.2 JTS моторите на Alfa (конкретно вградувани во 159-ка) за вградување LPG? Последната информација од пред повеќе од година дена беше дека не се поддржани.

Симо, ние звучиме  можеби малку ко расипана плоча  :), но одговорот е тој истиот ( од лани) .За JTS моторите на алфа, во моментов немаме понуда за вградување на плински уред. Системите за мотори со директно вбризгување , кои вбризгуваат плин во  гасна фаза, не се решение за Alfa JTS моторите затоа што очекуваме да има проблеми во нивното функционирање на овој мотор, па дури и негативни последици по моторот.
Од друга страна, системите кои вбризгуваат плин во течна фаза сеуште се во фаза на развој, и ќе помине уште доста време пред да се добие стабилен систем. Во моментов овие системи покажуваат преголема чуствителност на соодносот пропан/бутан, така да бараат повторна калибрација и доколку се промени пумпата за точење на плин.
Како неофицијална информација, мислам дека најдалеку во развојот на системи на течна фаза е виале, меѓутоа не сум сигурен дали имаат систем за JTS моторите, поточно, дали за тоа возило имаат проектирано ,,usisna prirubnica”. (фото)



Присутен Simo - Carrier159

  • Сам свој мајстор
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 43707
  • Il Moderatore
Одг: Plinski ured kaj motori so direkno vbrizguvanje FSI,TSI,JTS,DIRECT,DI-SI,D-4,GDI
« Одговори #8 на: 25 Јануари 2014, 13:40:58 pm »
Здравје. Ќе прашаме пак за некоја година :)

Auto ko i svaka Alfa automatski nevalja. Da je najbolji auto na svijetu - opet nevalja jer je Alfa.
Da Alfa nevalja će ti potvrdit SVI koji nikad nisu vozili istu. Jer da valja onda bi je vozili. A kako nisu - nevalja.

Отсутен plimont

  • Модератор
  • Јуниор
  • *****
  • Пораки: 868
  • http://www.plimont.com тел.02/2554-666
    • galerija
Одг: Plinski ured kaj motori so direkno vbrizguvanje FSI,TSI,JTS,DIRECT,DI-SI,D-4,GDI
« Одговори #9 на: 25 Јануари 2014, 16:12:24 pm »


Одржувањето на плинскиот уред опфаќа замена на филтер кој чини 1200 денари на секои 20 000 км.
Од аспект на издржливоста на возилата со директно вбризгување на гориво , се работи за висококвалитетни мотори кои се изработени од најквалитетни материјали (кај VW групацијата), така да нема потреба од дополнителна лубрикација или нешто слично.
Од аспект на исплатливоста, односно времето на враќање на инвестицијата тоа би било равенка со три непознати, тешко е да се направи реална калкулација. Се работи за возила кај кои ќе постои истовремено користење на две горива, со различно учество на бензинот во различни режими на возење, така што прорачунот може значително да се разликува од возилото кое се користи во град до возило кое се користи на отворен пат.

Симо во еден пост напиша дека цената на чинење на уредот и прашањето на исплатливоста доведува до заклучок дека поисплатливо е да се купи дизел варијанта на истото возило. Се согласувам со него, како и останатите,  и од таа причина не се брзаше во плимонт со промовирање на уредите за мотори со директно вбризгување.
Меѓутоа пазарот понекогаш нема правила и кај нас доаѓаат многу клиенти кои веќе поседуваат возило со мотор со директно вбризгување. Некои од нив не се информирани за каков тип на мотор се работи, некои не ги интересира, а некои ги купуваат заради половна цена како веќе користени возила. Интересот за вградување на плински уреди кај овие возила ги надмина и нашите очекувања што од друга страна значи дека веќе ги има во поголем број.



Отсутен Darkovski

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1273
Одг: Plinski ured kaj motori so direkno vbrizguvanje FSI,TSI,JTS,DIRECT,DI-SI,D-4,GDI
« Одговори #10 на: 25 Јануари 2014, 19:54:51 pm »
И секогаш ќе има некој што пре би возел ваков мотор на плин одколку дизел, без разлика на помалата исплатливост.

Отсутен Tischläufer

  • Le Diesel
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 34097
  • Таков е животот... јебига
Одг: Plinski ured kaj motori so direkno vbrizguvanje FSI,TSI,JTS,DIRECT,DI-SI,D-4,GDI
« Одговори #11 на: 25 Јануари 2014, 20:31:15 pm »
Мислам дека погрешно го разбравте Симо што сакаше да каже.

Отсутен onak

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 15993
  • сељаторе ин ил селандроре!!
    • КАНО еко системи
Одг: Plinski ured kaj motori so direkno vbrizguvanje FSI,TSI,JTS,DIRECT,DI-SI,D-4,GDI
« Одговори #12 на: 27 Јануари 2014, 01:40:19 am »
55000-34000 = 21000. Ако уредот чичи 1000 евра тогаш ќе се исплати после 29.000 км поминати од прилика, што уствери е окулу 2 години возење

за кого како... немој да генерализираш... ке се почудиш колку луѓе во државава таа километража од 29Ккм (ај да заокружиме на 30) ја проаѓаат за 2-3 месеци... еве и јас исто... знам за едно мицибуши кога тазе купено успеаја да му направат 12Ккм за 8 дена. тоа се околу 1,5 Ккм на ден... и тоа возено повекето од кејф...
www.kano.com.mk
www.parno.com.mk
www.kanosistemi.com.mk
www.evtinogreenje.com.mk
https://www.facebook.com/kano.eko.sistemi
кликни на било кој, нема да утнеш, сите водат на исто место, во исто време

Отсутен DejzY

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1004
Одг: Plinski ured kaj motori so direkno vbrizguvanje FSI,TSI,JTS,DIRECT,DI-SI,D-4,GDI
« Одговори #13 на: 27 Јануари 2014, 02:17:32 am »
Онак, со едно единствено возило поминуваш 29ккм за 2-3 месеци???

Отсутен onak

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 15993
  • сељаторе ин ил селандроре!!
    • КАНО еко системи
Одг: Plinski ured kaj motori so direkno vbrizguvanje FSI,TSI,JTS,DIRECT,DI-SI,D-4,GDI
« Одговори #14 на: 27 Јануари 2014, 03:05:44 am »
претежно да... последнава година со падот на работата сум “ослабен“ со возењето инаку просек ми е помеѓи 8 и 12 Ккм месечно. сега просекот ми е околу 5-6Ккм месечно.
www.kano.com.mk
www.parno.com.mk
www.kanosistemi.com.mk
www.evtinogreenje.com.mk
https://www.facebook.com/kano.eko.sistemi
кликни на било кој, нема да утнеш, сите водат на исто место, во исто време