Новиот Jazz не е стигнат уште.
Јас можам да препорачам Kia Cee'd.
Новата делува многу подобро направена од старата, така да не знам каква е .
Ама од стариот модел познавам двајца:
1. И двајцата имаа проблем со некакви стабилизатори на многу мала километража.
Не им признаа гаранција, бидејќи тоа било потрошен материјал.
2. Едниот од нив имаше проблем му се излупи некако внатрешноста (предниот дел, под ветробранот).
3. Му отиде ламела на 20000 км (не ми е јасно како е можно, поготово што ја вози на релација Скопје-Куманово-Скопје, и нема тргни застани релации).
4. Проблеми со прозорот (му падна, па се менуваше механизмот).
Колку што знам, за сите овие нешта не беше признаена гаранција, со образложение дека се потрошни делови.
Ама некој сподели некој друг искуство, можеби се ова исклучоци
Дарко