Автор Тема: Рента Кар во СКопје и Македонија!Информации  (Прочитано 13286 пати)

Отсутен malinamamun

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 552
Ја отворам оваа тема,бидејќи пребарувајќи низ форумот не наидов на информации за изнајмување на коли(рента кар)

Имам еден пријател од Словенија кој треба да дојде идната недела!ЌЕ остане во македонија 5-6 дена.Е сега сите знаеме дека Словенциве се совесни и луѓе со принципи.Да не должам многу.Побара од мене да му најдам ауто на рента кар.

Сега можеби ќе рече некој.Еј види на нет,златна книга,ваму таму.Во ред е тоа знам,знам веќе и неколку каде ги има(ако не затвориле во меѓувреме),но мислам дека темава ќе биде добра идеја за нашиве кои ќе доаѓаат на лето каде и како да завршат работа и која рента кар компанија е најдобра кај нас,и впрочем дали е поисплатливо да се изнајми кола од приватно лице и ризици од истото.

Она што ме интересира мене е следново?

1.Дали некој имал можност да изнајми рента кар,кај нас и Какви коли се нудат?Дали се тоа некои авта стари по 10-15 години или може и да се добие некое посолидно авто.

2.Дали доколку имаат поубави автомобили за рента цената би била многу повисока?Колку би чинело одприлика истото?

3.Пријателот ќе биде нонстоп со мене,и планирам да го прошетам до Охрид,Дојран и Струмица(смоларски водопади)итн.

Дали смеам само јас да го возам возилото или може и тој?Има ли можност лице државјанин на Македонија во случајов јас да го изнајмам истото и дали доколку постои можност за нешто такво цената би била иста за македонец и турист?

Јас ќе појдам уште утре да се распрашам,но сметам дека добро би било доколку некој подобјасни за процедурата!Ќе му се најде на некој во иднина


Отсутен DayWalker

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3063
  • Ќебапбрингер!
Одг: Рента Кар во СКопје и Македонија!Информации
« Одговори #1 на: 22 Јануари 2014, 04:17:59 am »
Како што знам ги имаме Hertz и би требало да се најдобри..мислам дек повеќе инфо би можел да ти даде БојанЈ
Инаку има и нови коли по рент а каровиве. Види во МиДа имаат изглеа рент а кар таму, пошто сум видел неколку фиести а мислам и мондео ссо рент а кар мида налепници.

http://skp.airports.com.mk/default.aspx?ItemID=385

Ваљда пријателот доаѓа со авион од Словенија, па еве ти на самиот аеродром кои рент а карови ги има (јес да тука ги има толку набројани а колку ни е мал аеродромот, не ми се верува сите да имаат свое киоскче таму) како и да е има броеви, веб страни. Исто на аеродромот сум забележал, на паркингот каде што е секогаш полн уствари се тоа се рент а кар коли. 98% се бели - меѓу нив иам видено поло, голф, пасат, ауди има и слично. Така да секако има нови коли.

Инаку да можеш и ти да си земеш кола нормално, тие не постојат само за туристи. По секоја логика на нештата треба да биде поевтино за нас македонците, ама како што сме ние one of a kind не исклучувам ништо. Инаку кога се рента кола пример ти ја ренташ да речеме кога ти средуваат документи, право на возење имаш само ти, бидејќи ги земале само твоите документи. Инаку да може една кола да ја изренташ ама да се пријавите и двајцата како возачи, не би требало да се плаќа нешто екстра, ама мора да се заведат и негови податоци, односно на сите возачи при рентањето. Бар јас кога рентав во УСА ова ми го кажаа, би требало тоа да е  исто.
За цената врска си немам, ама пак по секоја логика, треба да се рангирани по класи. Секоја класа си има различна цена, нормално што поголема, полуксузна кола поскапа е, ама не би требало да е некоја голема голема разлика. ( у УСА кога рентав разликата од класа у класа беше п 2-3-4 долара. Памтам разликата да рентам Матиз или доџ Чарбеш беше некој 3ипол долара).

Ништо конкретно не ти одговорив ама ајде :) бар ти дадов линк од сите или скоро сите компании кај нас со нивни веб страни ( не се ни страните нивни) ама таму имаш и онлајн калкулатор па ваљда дава и цени за колите :)

едит ако е точно, не се нормални според калкулаторот на АВИС да изренташ опел Астра (ваљда од новите е пошто таква слика ми вади) кошта 92 долара за 1 ден - ХЕЛОУУУУ дали сте вие нормални бРе???

Отсутен Simo - Carrier159

  • Сам свој мајстор
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 43710
  • Il Moderatore
Одг: Рента Кар во СКопје и Македонија!Информации
« Одговори #2 на: 22 Јануари 2014, 04:23:07 am »
Рент-а-кар ќе ти понудат во секој поасален хотел, Александар Палас, Холидеј ин, Континентал... Колите се нови и можеш како и секаде да си избереш која класа на возило сакаш. Од градско ауто, до лимузина. Исто така и на аеродром може да изнајмиш кола. Herz и Europcar знам дека работат на територија на Скопје од поголемиве светски компании.

http://www.hertz.mk/Car-Reservation.aspx

http://www.europcar.com/car-MACEDONIA.html


Auto ko i svaka Alfa automatski nevalja. Da je najbolji auto na svijetu - opet nevalja jer je Alfa.
Da Alfa nevalja će ti potvrdit SVI koji nikad nisu vozili istu. Jer da valja onda bi je vozili. A kako nisu - nevalja.

Отсутен Harris

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1285
    • http://www.facebook.com/RenaultOwnersClubMacedonia
Одг: Рента Кар во СКопје и Македонија!Информации
« Одговори #3 на: 22 Јануари 2014, 05:00:52 am »
Вујко ми од Словенија неќеше странски компании , ја одбра нашата "George" (Џорџ) :)

http://www.macedoniacarrental.mk/index.php/mk/

Отсутен malinamamun

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 552
Одг: Рента Кар во СКопје и Македонија!Инфор&#
« Одговори #4 на: 22 Јануари 2014, 06:39:45 am »
Како што знам ги имаме Hertz и би требало да се најдобри..мислам дек повеќе инфо би можел да ти даде БојанЈ
Инаку има и нови коли по рент а каровиве. Види во МиДа имаат изглеа рент а кар таму, пошто сум видел неколку фиести а мислам и мондео ссо рент а кар мида налепници.

http://skp.airports.com.mk/default.aspx?ItemID=385

Ваљда пријателот доаѓа со авион од Словенија, па еве ти на самиот аеродром кои рент а карови ги има (јес да тука ги има толку набројани а колку ни е мал аеродромот, не ми се верува сите да имаат свое киоскче таму) како и да е има броеви, веб страни. Исто на аеродромот сум забележал, на паркингот каде што е секогаш полн уствари се тоа се рент а кар коли. 98% се бели - меѓу нив иам видено поло, голф, пасат, ауди има и слично. Така да секако има нови коли.

Инаку да можеш и ти да си земеш кола нормално, тие не постојат само за туристи. По секоја логика на нештата треба да биде поевтино за нас македонците, ама како што сме ние one of a kind не исклучувам ништо. Инаку кога се рента кола пример ти ја ренташ да речеме кога ти средуваат документи, право на возење имаш само ти, бидејќи ги земале само твоите документи. Инаку да може една кола да ја изренташ ама да се пријавите и двајцата како возачи, не би требало да се плаќа нешто екстра, ама мора да се заведат и негови податоци, односно на сите возачи при рентањето. Бар јас кога рентав во УСА ова ми го кажаа, би требало тоа да е  исто.
За цената врска си немам, ама пак по секоја логика, треба да се рангирани по класи. Секоја класа си има различна цена, нормално што поголема, полуксузна кола поскапа е, ама не би требало да е некоја голема голема разлика. ( у УСА кога рентав разликата од класа у класа беше п 2-3-4 долара. Памтам разликата да рентам Матиз или доџ Чарбеш беше некој 3ипол долара).

Ништо конкретно не ти одговорив ама ајде :) бар ти дадов линк од сите или скоро сите компании кај нас со нивни веб страни ( не се ни страните нивни) ама таму имаш и онлајн калкулатор па ваљда дава и цени за колите :)

едит ако е точно, не се нормални според калкулаторот на АВИС да изренташ опел Астра (ваљда од новите е пошто таква слика ми вади) кошта 92 долара за 1 ден - ХЕЛОУУУУ дали сте вие нормални бРе???
Напротив брат,многу ми помогна!Фала ти!Инаку планот е да ја изнајмам 1-2 дена однапред и со истата да го земам од аеродром.
Добро и јас ги гледав некои од овие.На пример еуропкар ми даде цена за 5 дена 230 евра за поло и тоа со опција за резервација од америка.Веројатно ако се оди директно тука би требало да има некој попуст.


Вујко ми од Словенија неќеше странски компании , ја одбра нашата "George" (Џорџ) :)

http://www.macedoniacarrental.mk/index.php/mk/
Ја видов страната и ми се виде многу скапо.Полото чини по 45 евра од ден или за 5 дена ќе треба 225 евра што е сепак многу,особено што се работи за наша компанија која и не е бренд како еуропкар,а верувам дека со некој попуст еуропкар ќе испадне и поевтино

Отсутен RedEco

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 4631
  • Passat B8
Одг: Рента Кар во СКопје и Македонија!Инфор&#
« Одговори #5 на: 22 Јануари 2014, 08:20:42 am »
imase edna firma sputnik, za rentanje auto tamu bese najevtino... i jas imav slicno gosti od nadvor i bea zadovolni... tel ako najdam ke ti pratam...
mislam deka okolu 35 evra bese za Fokus a 40 Octavia togas...
sfe e do sistemot, i pozicijata na popametnite vo nego.

Отсутен Bugar

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 5710
  • Почесен кинез.
Одг: Рента Кар во СКопје и Македонија!Информации
« Одговори #6 на: 22 Јануари 2014, 08:22:34 am »
AVIS или пак преку сајтот за резервација www.booking.com.

Отсутен velestrumf

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 20663
Одг: Рента Кар во СКопје и Македонија!Информации
« Одговори #7 на: 22 Јануари 2014, 09:08:19 am »
Во ГТЦ кај Irish pub има агенција што се бафта со тие работи - ABC.
The numbers thing, the how-fast-can-we-drag-race-a-bunch-of-cars, is the realm of people who think more is better, not better is better. - Matt Hardigree, Jalopnik.

Отсутен ARMEX

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3616
Одг: Рента Кар во СКопје и Македонија!Информации
« Одговори #8 на: 22 Јануари 2014, 09:09:30 am »
ABC rentacar http://rentacarmacedonia.mk/
"cenite se dvizat od 35 pa do 90, fabia-35, aveo,polo.fiesta-40, focus,golf6-55, golf7-60, ako e za poveke dena ja smaluvame cenata, site koli se novi."

Другарка моја работи таму.

Отсутен RedEco

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 4631
  • Passat B8
Одг: Рента Кар во СКопје и Македонија!Инфор&#
« Одговори #9 на: 22 Јануари 2014, 09:29:16 am »
imase edna firma sputnik, za rentanje auto tamu bese najevtino... i jas imav slicno gosti od nadvor i bea zadovolni... tel ako najdam ke ti pratam...
mislam deka okolu 35 evra bese za Fokus a 40 Octavia togas...
telefonot od Sputnik, 070 740 173 Viktor se vikase deckoto valjda... kolite bea nesto kao 2011, mislam deka pravea dokument i dvajcata da mozete da vozite...
Recimu drugarti rental po tie ceni drn drn... :)
sfe e do sistemot, i pozicijata na popametnite vo nego.

Отсутен trkalo

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 346
Одг: Рента Кар во СКопје и Македонија!Информации
« Одговори #10 на: 22 Јануари 2014, 09:33:59 am »
http://www.atlantis.mk/rent-a-car.html  Овде имаш неколку возила претежно се стари 2-3 години освен тојотите, тие мислам дека се постари

Отсутен malinamamun

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 552
Одг: Рента Кар во СКопје и Македонија!Инфор&#
« Одговори #11 на: 22 Јануари 2014, 18:14:31 pm »
imase edna firma sputnik, za rentanje auto tamu bese najevtino... i jas imav slicno gosti od nadvor i bea zadovolni... tel ako najdam ke ti pratam...
mislam deka okolu 35 evra bese za Fokus a 40 Octavia togas...
Ke vidam,mada taa cena e i vo europcar i na nekolku drugi mesta.

ABC rentacar http://rentacarmacedonia.mk/
"cenite se dvizat od 35 pa do 90, fabia-35, aveo,polo.fiesta-40, focus,golf6-55, golf7-60, ako e za poveke dena ja smaluvame cenata, site koli se novi."

Другарка моја работи таму.


Да ја посетив страната и видов дека е најисплатливо до сега.За 100 евра може да се изнајми цела кола,а некоја поголема околу 130 евра.Незнам зашто но ова е голема разлика од кокуренцијата?
Се надевам дека плаќањето може да биде во ќеш и дека нема да бараат картичка.АКо е така ова ќе ми одговара.

Фала момци уште еднаш на сите

Отсутен aleksandarbt

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 801
  • Opel zafira 2.0 125 kw
Одг: Рента Кар во СКопје и Македонија!Информации
« Одговори #12 на: 22 Јануари 2014, 18:53:00 pm »
  Ne mora da e rent a kar.
Mozi i nesto na privatno da se najdi.
Kazi kakva kola i okulu koja cena  pa ke svrtime nekoj broj.

Отсутен DasAuto.

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 4585
  • ~ Full of soul ~
Rent a car
« Одговори #13 на: 20 Март 2014, 23:10:26 pm »
Мислам дека нема ваква тема па сакав да прашам кој е подобро запознаен околу рентање на кола , ми треба да изнајмам некое подобро возилце на ден-два во предвид се Мерцедес,БМВ, Ауди , такви некој седани па како што знам компанииве за рентање нудат повеќе мали возила , можеби автоплацовиве изнајмуваат некој подобри возила итн, ако има некој искуство нека пише, и како се движат цените и што се треба за да се изнајми возило
↯↯ Don't try to follow me ↯↯

http://www.youtube.com/watch?v=b_v5fPI-DUw

Отсутен sinisa

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1207
Одг: Rent a car
« Одговори #14 на: 20 Март 2014, 23:31:46 pm »
Мислам дека сите компании се на линков: http://skp.airports.com.mk/default.aspx?ItemID=385

Luxury cars видов имаат овие две компании:
http://macedoniarentacar.com.mk/
http://www.europcar.com.mk/vehicles.asp#3