Не знам точно кое ми го ставиле.
Вака беше целата работа, беше едно од цревата за глицерин испукано и тоа требаше да го сменат а пошто беше време за редовен сервис им реков и масло и филтер да стават. Им реков Liqui Moly 10-40 да стават и рекоа ОК.
Попладнето кога отидов да ја земам колата, ми ја даваат сметката и гледам таму ГМ. ВИкам абе оти ГМ сте ми ставиле? Нели ви реков ЛМ 10-40? И викаат па ние такво ставаме на сите коли, као демек не сме се разбрале.
И си реков ајде нека тера оваа тура па ќе си го сменам после со ЛМ. Поминаа 5000км и кога гледам го потрошил цело масло, 5мм под минимум нивото. Веднаш докупив Лубекс 10-40 од пумпа, му ставив цело литро и се врати на пола мерачот. Наредниот ден отидов у Самад, земав ЛМ 5-40 и отидов кај Јовица (брат му на Жарко што им ги прави Алфите на овие забеганиве
) во гаража и сменив филтер и масло.
Така да поима немам какво ставиле и дали ги исполнува спецификациите. На сметката пишуваше само ГМ 10-40 количина 3 литри, а толку не собира тој мотор, максимум 2,5л. Све ми беше сумјиво пошто им порачав ЛМ да ми стават. Или згрешиле па ставиле ГМ кое не е оригинал, или намерно ми подметнале несоодветно масло.
Затоа памет за друг пат, никогаш повеќе сервис во овластен сервис. Да не повторувам за Олимпија моторс какви глупости прават, веќе сум раскажувал.
@DimitarMK да не бидам досаден, ама Liqui Moly ти е германско масло за германски мотори, задоволува Дексос и други, како рено, бмв, Фолксваген, Мицубиши и други.