525i, 530i се супер удобни лимузини за тепање километража. 6таците се буквално безшумни на автопат, само гуми и ветер се слуша. Би зел ваква ама аутоматик, мењачот е гума и нема логика да биде споен со овие мотори, доволно се моќни за секојдневие ама не се м5, нема потреба од трета педала.
Кога се возевме накај Дојран со новата Q5 и се иструцкавме цел пат со трпезариските кожни седишта и општо никакво возење, седнавме на враќање во E39 530d аутоматик на еден наш член. Вози членот, а ние седнати како по куранот машките напред, жените назад, се вртам и со шепот и кажувам на сопатничката позади - „Приметуваш дека 180кмч возиме“ одговара исто со шепот - „Да, да, колку е тивко“. Разликата од Q5 ново, до e39 старо беше класи и класи, и во комфор и во тишина, и во удобност, и во седишта, и во мотор, во се. Спиеше колана, спиеше.
Јас тој момент на ултимативно спиење на кола во себе и меѓу тие што почето се возам во кола го нарекувам Te-Же-Ве (TGV) момент. И налетувам понекогаш со колите на такви делници со TGV асфалт. Кога и гумите не прават звук. И возиш 150кмч како да те вози друг, да пуштиш волан и на страна да си гледаш ти доаѓа. Баш како TGV. Нема звук, нема вибрација, нема ништо, само ветер. Страшно колку убаво чувство. Ретко која кола го овозможува тоа.