Денес си се дружев со BMW-то ако ви текнува во темата продавам што ми е огласено.Може саат време се вртев околу него,ама така ми се роди една желба да го земам и да почнам да го средувам.Може мотив ми даде и BMW-то,она на собирот за олдтајмери што беше,незнам....
Дојдов пред малку дома,сеуште у глава ми е.Гледајќи го,ќе има доста работа околу него,задните полумесеци се за менување (сега читнав на нет,може да се заменат со предните,ама обратно ставени,на пр. преден десен на местото на заден лев,предни има плус,така да може да се искористат),подвозјето не сум го видел,незнам во каква состојба е,кошевите се....ОК да речеме,гепекот у натре е добар.
Со човекот се слушнав,утре ќе правам муабет околу цената,сигурен сум дека ќе ми одговара,само ме мачи дворот кај мене,ќе нема каде да го ставам и да почнам да го растурам-за ова со стариот ќе направам муабет утре па ќе ја наредиме.Делови ми рече дека може да се најдат,имал пријател кој носел и имал,што ми е многу битно,јес да е цело,секако додека не се растури да се види што е и како е.Значи,здравје ако го земам,можам да кажам дека ќе биде ПРОЕКТ,за кој нема да му се брзам,колку ќе трае нека трае,ама сигурен сум дека одкога ќе го завршам,јас ќе уживам во вожњата и убавината.Вечерва па и останативе денови ќе се читаат форуми и страни,да се дознае што повеќе околу колата.Замисла за колата имам,и би изгледала вака нешто