Автоплац Тикан, го има на Пазар3 и/или Реклама5. За него се зборува дека работи само со домашни возила.
Исто така, провери во Порше од програмата за користени возила, Fair auto (ова е на Фиат, но имаат од сите марки по нешто), а провери и по другите поголеми салони како Мак Ауто Стар, Ми-Да, и така натаму.
Ти ги предложувам овие со намера да те оттргнам од плацовите кои многу често се гледаат по приградските населби, а се полни со увозно ѓубре за кое треба да дадеш 5000 евра, и уште 4000 евра за да го доведеш до состојба во која нема да се плашиш да излезеш на автопат.
Поздрав, и со среќа во потрагата. Ако не брзаш, ќе најдеш добра кола за парите кои ги имаш.