Абе караван кола ти е какао мултифункционален уред и за курцање и за работа и за семејство на одмор кога одите секогаш се бара место плус за торбица некоја ззззз........Три во едно хах хааха...
Имам дома еден. И Туле од горе и пак нема место. Едноставно за некого "enough is never enough". Поарно на одмор се одеше со два пара гаки, купуеш кофичка и лопатка на плажа и остануваш 15 дена на море. Сега едвај 5 дена одмор се скрпуе ама се носи по еден куфер за секого, плус точак, плус мала количка до големата, плус двеста фотоапарати, 4 таблети и лаптоп, плус патики за секој спорт засебни за секого, па за во диско, па за летна тераса, па на отворено надвор студело јакниче со џемперче, па бокал за вода греење, мини фрижидер, прибор за јадење сет тоалетни хартии, чадори за оснце детски и возрасни дневни и вечерни, 10 фактори за сончање и а и уште две тир за пред и после, па против комарци 12 средства, а една година на мајка ми и текнаи корито со средства за чистење да стави оти „да не затреба“.
И така сум бил на одмор со Југо 55 во камп во Дубровник и сме си поминале „ништо полошо“ од тоа што со Magane караван или со B class и двете со Туле плус на кров.
Е да, и во Југото бевме 5 а сега сме четворица најчесто.