Ти треба одредено количество на масло во катер откако ќе се запали моторот за да има од кај да црпи пумпата. Ништо не си решил ако ставиш хладњак во однос на таа работа, пошто тие неколку грама масло ќе ти седат во хладњакот, а не во картер. Попаметно ти е да направиш некоја преграда до ситото од кај што црпи пумпата за да не ти бега маслово при кривини и нерамнини, или да направиш некоја комбинација со тоа што ќе го навариш тој дел на картерот подоле, а со тоа и ситото ќе го спуштиш со некоја додатна плочка.