Автор Тема: Аро 10.4 4x4  (Прочитано 157940 пати)

Отсутен bramovsk

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3931
Одг: Аро 10.4 4x4
« Одговори #450 на: 07 Октомври 2014, 18:55:16 pm »
Некако сомнително ми е ова. За затнување не ми личи логично. Дека е електровентил јасно е или најди го правото место каде оди или е некој release valve па треба да е отоврен.


Присутен nsx-r

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 9213
Одг: Аро 10.4 4x4
« Одговори #451 на: 08 Октомври 2014, 00:16:21 am »
што и да направиш,нема да има гајле,ако утнеш само ќе имаш вишок притисок во резервар и кога ќе отвориш капаче ќе го испуштиш притисокот

Отсутен icemann

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 679
Одг: Аро 10.4 4x4
« Одговори #452 на: 08 Октомври 2014, 01:53:42 am »
не пробав со отворено да го запалам па да видам како ќе функционира.

Момци ај ве молам дајте идеа за инсталацијава што да правам...

еве го проблемот.
инструмент таблата од новиот мотор е со понови инструменти (иако од 94та) отколку инструмент таблата во арото.  се обидов да го поврзам покажувачоп на температура, но ми покажува различна температура од инструментот на талблата на реното.

ги отворив двете табли да се обидам некако да ги вградам инструментите но ке биде грдо.. и нема да ги збере. а афтермаркет поминав по продавничкиве никој нема..
освен механички па купив таква прежалив 350 денари.. ги користеле за мерење на темп на вода во трактори.. ама не е ист навојот во главата од моторот.. ептен беше и мала шансата да е ист..

и сеа не ми се вози без мерач за температура и уље..

денеска коа запалив пумпата пак вртеше 100 години додека да напумпа притисок.. ко неповратниот вентил да го нема. :/ незнам што да правам... мисалм дека ќе рикне пумпата брзо ако тера така..


Отсутен icemann

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 679
Одг: Аро 10.4 4x4
« Одговори #453 на: 08 Октомври 2014, 01:56:02 am »
а иам и проблем со термодавачот..
купив нов го сменив.. и пак исто.. донесовме плус струја дирекно до него.. и пак исто.. се надевам дека не сме качиле доволно висока температура за да се вклучи.. иако мерев со онакво ласерско мераче рачно и имаше над 90

Отсутен 386ka

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 882
  • Am386 DX/DXL-40
Одг: Аро 10.4 4x4
« Одговори #454 на: 08 Октомври 2014, 02:37:38 am »
За термодавачот, прво што ми паѓа на памет е да пробаш да го ставиш во сад со вода на рингла, и да го зовриеш, да видиш каде/дали пушта воопшто со помош на мултимер. Секако и она ласерскиот мерач што го имаш би ти помогнал во случајов.

Инаку, за температура на вода и притисок на уље, дали ти се врзуваат и на компјутерот или само на инстумент таблата? Зошто не ги врзеш старите сензори од претходниот мотор? Барем сензорот за температура, ако има посебен за компјутерот. Ако нема, стави си го стариот сензор и нека си работат и двата напоредно.

А за афтермаркет сензори и давачи се наоѓаат лесно кај нас, прво на памет што ми доаѓа е Carner, иако сигурен сум дека има и други продавнички кај што можеш и поевтино да пројдеш. :)
Поздрав

Отсутен icemann

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 679
Одг: Аро 10.4 4x4
« Одговори #455 на: 08 Октомври 2014, 09:44:27 am »
ке го пробам и тоа.. со термодавачот. мора да најдам до што е проблемот.

а незнам дали идат давачите преку компјутер.. логично е да идат.. еве една шема..
за сензорот за температура

Отсутен icemann

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 679
Одг: Аро 10.4 4x4
« Одговори #456 на: 08 Октомври 2014, 10:35:29 am »
 а филтерот за гориво треба да стои пред или после пумпата?  сега е пред пумпата.. можно е да се мачи да влече низ него...
« Последно менување: 08 Октомври 2014, 11:08:27 am icemann »

Отсутен 386ka

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 882
  • Am386 DX/DXL-40
Одг: Аро 10.4 4x4
« Одговори #457 на: 08 Октомври 2014, 11:20:05 am »
Филтерот за гориво треба да стои после пумпата. Инаку, зошто не го ставиш мерачот за температура од арото исто така? И волкот сит и овците на број. :)

Отсутен icemann

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 679
Одг: Аро 10.4 4x4
« Одговори #458 на: 08 Октомври 2014, 12:30:57 pm »
ке пробам.. ако успее да се заштрафи ке биде супер.. а компјутерот не чита од тој сензор ? ке нема инфо за темп на течност..

Отсутен icemann

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 679
Одг: Аро 10.4 4x4
« Одговори #459 на: 08 Октомври 2014, 12:31:31 pm »
а филтерот денес ке го префрлам да видам што ке се деси

Присутен nsx-r

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 9213
Одг: Аро 10.4 4x4
« Одговори #460 на: 08 Октомври 2014, 12:33:42 pm »
Филтерот за гориво треба да стои после пумпата. Инаку, зошто не го ставиш мерачот за температура од арото исто така? И волкот сит и овците на број. :)

у тој случај пумпата не би имала никаква заштита од нечистотии...

Отсутен 386ka

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 882
  • Am386 DX/DXL-40
Одг: Аро 10.4 4x4
« Одговори #461 на: 08 Октомври 2014, 12:52:38 pm »
Пумпата пред неа нема филтер, обично има само сито со што се заштитува од поголемо нечистотии. И претходно пишав за истото. :)
Инаку, @icemann, ти велам да ако чита од тој сензор компјутерот, не го вади сензорот туку стави го од арото да си работи независно од тој. :)

Присутен nsx-r

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 9213
Одг: Аро 10.4 4x4
« Одговори #462 на: 08 Октомври 2014, 12:56:25 pm »
тоа тоа,само незнам дали пумпава има сито,ако има може комотно филтерот да иде после неа

Отсутен icemann

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 679
Одг: Аро 10.4 4x4
« Одговори #463 на: 08 Октомври 2014, 16:07:49 pm »
да да.. разбрав.. така и ке направам.. филтерот ке го ставам после пумпата.. во резервоар имам едно ситце што филтрира крупни ѓубриња.
а со сензоров не разбирам.. горе ја постирав шемата, веројатно е од таа инсталација. но незнам како да проверам дали иде во компјутер сензорот..

ако не го решам јас ќе го носам на мајстор.. и то..

сеа денес утре да го склопам за да можам со возење да го извадам од гаража да видам со термодавачот дали е ок и ке му барам чаре кај Брус.. он се разбира доста у електрика..


Отсутен 386ka

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 882
  • Am386 DX/DXL-40
Одг: Аро 10.4 4x4
« Одговори #464 на: 08 Октомври 2014, 17:12:29 pm »
Мислев дека можеш да ги следиш жиците. Нема везе, ако не можеш да провериш, батали. Еден сензор за температура на вода секако оди во компјутерот, прашањето е дали има тој мотор и друг сензор за на инструмент табла. Шемава ќе ја прочита некој постручен, мене ќе ми треба содржината за да ги одредам компонентите.

Нејсе, ти велам, ако не, стави го и поврзи го стариот сензор самостојно со инструмент таблата, како што би поврзал и афтермаркет сензор со давач, а тој од новиот мотор не го вади и не ја чепкај таа инсталација. :)
Или во крајна линија, како што викаш - Брус.