Пред некој ден ја перев, па сега ми текна да пишам.
Пријатно изненаден од пералната бивша на Оли-Сан (сега појма немам како се вика). Колата ми беше Тамче направена, и внатре и надвор, периодов пренесував градежни материјали (јбг, рано е за зелки уште

)
Прв бев дека на отварање им дојдов и им кажав внатре да подзачистат колку е можно поубаво, па колку треба и ќе им доплатам. Случајно на масите внатре најдов ценовник, оп премиум перење на возило-300мкд-си има за секое перење што точно опфаќа.
На шефот му викам, сакам премиум перење, такво и добив. Внатре ја исчистија стакло, што и ми беше најважно, надвор скоро одлично со мали замерки. Она што ми се допадна, во премиум перењево, надвор ја поминаа со Last Touch на Мафра, резултатот беше предобар ко за употреба на средството за во перална. Тоа што не ми се допадна, ми ги размачкаа стаклата, а мрзам размачкано стакло, така да дома со микрофибер си ги пребришав.
Генерално кажано, за парите колата си доби добро и посветено перење во зависност од тоа каква беше кога ја донесов.
Пофалба за нив.