Не знам дали случајно газдите на самоуслужната перална Слонче пред Рампа/Тутунски во Скопје се на форумов, меѓутоа добронамерен совет до нив.
Пералната е коректна, машините се супер, цените се коректни, и плус е и локацијата, практично во центар. Ама самата перална како објект е многу запустена, подот долу е цел кал и лисја, не е рамен чист бетон, ќе ја испериш колата и све, ама ќе влезиш со едно кило кал во свежо перена кола, и нозете од колено надолу се избербатени со кал испрскани.
Веројатно не е толку голем проблем да се потсреди самиот објект.