Автор Тема: Перални низ Скопје?  (Прочитано 896698 пати)

Отсутен Mikius

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 10312
Одг: Перални низ Скопје?
« Одговори #3465 на: 02 Февруари 2021, 11:35:06 am »
Не сум некој фанатик.
Порано, ќе ја оставев колата на перење и си бркав кафе шема, се додека на i30ката не приметив гребаница на шофершајбната од внатрешна страна. Среќа не е у видно поле да смета во возење.
Да не спомнувам дека зачестија со неиспрани површини, некое неиспрано тркало итн.
Ја носев уште неколку перења во неколку различни перални и приметив дека сите тераат иста шема, крпата ја фрлаат на бетон и со вапот врз неа, демек ја чистат.

Тогаш ми пукна филмот и почнав сам да перам дома.

Отсутен Inter1

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 2821
Одг: Перални низ Скопје?
« Одговори #3466 на: 02 Февруари 2021, 11:43:53 am »
Многу е битно да знаеш што правиш. Многу луѓе дома сами ќе си направат поголема штета од било која полоша перална :)

Јас сум ептен фанатик заедно со Роци, Дизел и уште неколку тука другарчиња и затоа ептен страшно ги доживувам гребнатинките. Во перална одам обично 1 годишно во јануари, кога немам услови дома и секое одење ми е стрес невиден :))

Затоа мн е битно да ти се погоди пералната и многу да не се нервираш, зошто вака или така гребнатинка добиваш само поголема или помала е прашањето :) за жал.

едит: ете 3 недели по перењето уште не можам да ја преболам гребнатинката, особено длабоката што не се поправа. Истото важи и за секое дупче од камен што го имам на хауба итн :) А од друга страна пак екстремно брзото перење и повеќе од добро во квалитет за 5 минути без замарање ако немаш друга опција исто е мн привлечно :) така да you win some you lose some.
« Последно менување: 02 Февруари 2021, 11:58:22 am Inter1 »

Отсутен зоки-златен

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7067
  • хаУс мајстор
Одг: Перални низ Скопје?
« Одговори #3467 на: 02 Февруари 2021, 12:06:15 pm »
Ако се потресувате толку, што не ставите фолии на колите?

Отсутен Carpathian Lord

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 14714
Одг: Перални низ Скопје?
« Одговори #3468 на: 02 Февруари 2021, 12:17:02 pm »
Ќе звучам тро забегано, ама во глобала ги знам сите гребаници на колата, па дури и најситни.

Буквално сите. Така што ако видам гребаница на колата која не била претходно - знам дека не била претходно и знам кога и од кого е направена.

Второ, колите ми се гаражирани, трето кога ги паркирам, паркирам најдалеку од сите, да избегнам удари од врати и сл.

Душа ме боли ден денес Алфата што ми беше на паркинг и башка паркингот Алкаоид што има такви стоки што не знаат факин врата да отворат и цела кола лом ми ја направија. Ама и кај неа ги знаев сите гребаници и колку можев ги санирав да не се направи некој посериозен проблем (корозија и сл.)


Отсутен Inter1

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 2821
Одг: Перални низ Скопје?
« Одговори #3469 на: 02 Февруари 2021, 12:17:47 pm »
@зоки-златен  Немам инфо ни кој става, а ни препорака за таа работа плус најбитно цената сигурно е висока. Ако имаш инфо или препорака слободно сподели.

@Carpathian Lord  исто и јас :) Знам која гребнатинка кога е случена, од кого и како :) И секогаш паркирам најдалеку од гужва ради стоки што не знаат врата да отворат или количката од маркет што ја лупаат во се што ќе им се најде на патот

Отсутен Carpathian Lord

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 14714
Одг: Перални низ Скопје?
« Одговори #3470 на: 02 Февруари 2021, 12:19:05 pm »
Јас знам едни во Битола, ама само негативни коментари слушам, така што не ти ги препорачувам.

Отсутен Mikius

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 10312
Одг: Перални низ Скопје?
« Одговори #3471 на: 02 Февруари 2021, 12:22:06 pm »
Ќе звучам тро забегано, ама во глобала ги знам сите гребаници на колата, па дури и најситни.

Буквално сите. Така што ако видам гребаница на колата која не била претходно - знам дека не била претходно и знам кога и од кого е направена.

Второ, колите ми се гаражирани, трето кога ги паркирам, паркирам најдалеку од сите, да избегнам удари од врати и сл.

Душа ме боли ден денес Алфата што ми беше на паркинг и башка паркингот Алкаоид што има такви стоки што не знаат факин врата да отворат и цела кола лом ми ја направија. Ама и кај неа ги знаев сите гребаници и колку можев ги санирав да не се направи некој посериозен проблем (корозија и сл.)
Тоа дека ги помниш сите гребаници можам да верувам, но дека знаеш за нивното потекло ќе ти поверувам откако ќе кажеш дека пред секое влегување во колата, 15 минути се вртиш околу кола вршејки темелна инспекција :)

Отсутен JezuzNoChill

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1016
Одг: Перални низ Скопје?
« Одговори #3472 на: 02 Февруари 2021, 12:22:24 pm »
Дај не паѓајте у транс за ситни грепки :)

Не е исклучено од автоматските но и другите перални не се помалку нежни.
Од друга страна многу често гребаницата е од претходно (гранче, пешаче, точаче...) и не се гледа под нечистотијата.
Веќе неколку години (пролет до есен) ги перам дома колите и речиси секој пат ме "изненадува" понекоја нова плитка "гребаница/линииче" :)
Башка што само после перење се врши малку подетална "инспекција" на каросеријата.


Потполно си во право. И јас секогаш сам си ја перам или дома или на самопослужна без чепкање и секогаш има нови гребаници.


Отсутен Inter1

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 2821
Одг: Перални низ Скопје?
« Одговори #3473 на: 02 Февруари 2021, 12:25:02 pm »
@Mikius Вршам инспекција, само не 15 мин, туку минута, чисто инфомативно дали е се на место :) Нормално ради гребанци добиени од стоки од луѓе што не пазат ништо туѓо

Отсутен Dule_

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3040
Одг: Перални низ Скопје?
« Одговори #3474 на: 02 Февруари 2021, 12:34:34 pm »
И мене ме болеа сите гребаници и се тоа ама престана да ме боли додека не видов 3 длабоки гребаници и позади целиот браник изгребан од крај до крај. И тогаш сфатив дека безразлика колку ја пазиш на крајот пак ќе се најде некој да ја изгреба. Така да не се замарам толку многу сега со гребаници така да ако решил некој да ја изгреба џабе е се.

Отсутен Carpathian Lord

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 14714
Одг: Перални низ Скопје?
« Одговори #3475 на: 02 Февруари 2021, 12:41:39 pm »
Потполно си во право. И јас секогаш сам си ја перам или дома или на самопослужна без чепкање и секогаш има нови гребаници.


Не се овие гребаници :) ако мислиш на „пајажините“. Ова е нормално. Нови коли од салон знаат овие да ги имаат.

Јас после 4-5 перења на Октавијата веќе се појавија на некои места. Четка и сунѓер Октавијата нема видено. Затоа ставив и керамика. Сега за сега е добра, се надевам ќе биде подолго време.

Отсутен Sephiroth

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 412
Одг: Перални низ Скопје?
« Одговори #3476 на: 02 Февруари 2021, 12:44:58 pm »
Ај за надвор, ама за внатре дали имате да препорачате перална? Не ми е проблем и да платам нешто повеќе, ама да не ми смрди после тоа кабината на гнасотилак од што не ги перат крпите.

Отсутен Carpathian Lord

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 14714
Одг: Перални низ Скопје?
« Одговори #3477 на: 02 Февруари 2021, 12:46:45 pm »
Ај за надвор, ама за внатре дали имате да препорачате перална? Не ми е проблем и да платам нешто повеќе, ама да не ми смрди после тоа кабината на гнасотилак од што не ги перат крпите.

Holy Grail ова. Бушав за мерак на времето чистеа, сеа немам перална да ти препорачам никаде за внатре.

Отсутен Inter1

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 2821
Одг: Перални низ Скопје?
« Одговори #3478 на: 02 Февруари 2021, 12:53:23 pm »
Pajazina ili swirl mark/swirls ne e voopsto normalna rabota. Kolite od salon kao gi mijat posle nosenje so kamion i parce gi pravat.
Taka da swirls se grebnatinki od perenje vo osnova, srekja plitki pa se koregiraat lesno so poliranje

Отсутен Bojan j

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3049
Одг: Перални низ Скопје?
« Одговори #3479 на: 02 Февруари 2021, 12:53:53 pm »
Пералната кај предпоследна 4ка во Хром, мислам дека ДнД нешто се викаше. Редовно ја перам кај нив, дечките се топ.