Автоматската кај макпетрол нема четки туку како гумени сунѓери во форма на четка. Одлично чистат таквите перални зошто константно површината е влажна насекаде кога работат "четките" и се спречува директен контакт на сува површина.
Додека, кај рачно перење освен што ќе ти ја испогребе со класична четка или сунѓер сеедно, најлошиот момент е сушењето кога зимаат со крпи трљај трљај. Таа крпа и да ја менуваат на секоја кола со нова (а не е така) сепак е невозможно со перење колку сака нека е професионално да се извади целата ситна прашина што е залепена на бојата. Реалноста е дека ќе ти се погоди некоја легенда со микрофибер усмрдена полна со ситни камчиња и прљавштината на самата површина која е секогаш контаминирана и после добиваш гребнатинки кои само после неколку перења има видни свирл маркс. Дури и со керамичка заштита, кога колата се суши на рачни перални по принцип трљај со скапана крпа, пребришување на полусува површина, прашање на време е кога заштитата ќе ја снема и повторно гребаници.
Кај автоматските се суши колата како што треба на воздух и нема никаков контакт, најдобра работа. Но, треба да се иде во саглам автоматски перални има секакви.