Едно многу битно прашање: Дали има високи конструкции под колата како на влезот во автоматската во Лисиче, пошто мене тие таму ми фаќаат на трапот? Може ли слика да зирнеме како изгледа без кола лентата?
Со среќа иначе 
Не сум бил никогаш во Лисиче. Овдека на излез има еден рамен дел, и после пад некаков надоле.
Фааааала богу!
@yarre пред перење колава глеам чиста е доста? Незнам дали ќе биде веродостојно да кажеш дали си задоволен?
Со оглед дека е нова, дали останува вода после фенот?
Нека му е со среќа на Бушавиот, нека ја отвори и доаѓаме!
Колата кај мене никогаш и не е многу прљава, јас сум од тие пациентите. Имаат здраво предперење со јаки вапови, пред влез во автоматската перална кое е со пена. Така да колата влегува внатре солидно (пред) испрана.
Детали јас и не знам, со оглед дека бев поканет на тест предперење, како пациент кој пере кола повеќе од себе.
Дали ми се допадна. Па како да не ми се допадне нешто што во моментов е врв во технологија коа се автоперални во прашање. Испорачателот испратил се до секоја ситница, до штрафче. Техничката соба е како да си влегол у свемирски брод. Не ми беше дозволено да сликам, ама се одушевив на купот потрошни средства/течности со прецизно дозирање за секој степен каде што е потрбно во процесот на перење.
Веројатно така ке биде и орјентацијата на пералната. Оние кои бараат врвен квалитет, а за тоа да си одвојат и некое париче повеќе. Со ниедна друга перална не се споредува па коментарите скапо-ефтино тука ќе бидат беспредметни. Политиката на цени не ми е докрај позната, ама не ни очекувам оваа перална да се споредува и со цени со билокоја друга.
Мислам дека после едно месец дена откако ќе почне да работи и работите „си легнат“ сите ќе ја имаме вистинската слика.
Просторот за чекање е околу 25 возила а постапката е брза. По моја проценка процесот не трае повеќе од 5 минути а протокот на возила не ми е познат. Усисивачите работат на монети денарски. Наскоро истиот треба да биде покриен.
Бушав, кој го познаваме повеќето од нас, си е и самиот пациент перфекционист, па за очекување е се што ќе биде врзано со пералната а зависи од него да биде на такво ниво.