Бидејки сум дел од Градска перална а претходно сум бил и во рачно перење не значи дека ќе го правдам величам ниту пак ќе тврдам дека машинсково е најдобро перење.
Значи идеално комерцијални перење кое не би оставило никакви траги по возилото едноставно не постои.
Секое перење кое има контакт со четка суњгер крпа и било што друго е невозможно да не остави некакви траги.
Најодговорно тврдам дека и во домашни услови да ги переме со сите нишани пак при бришење или шампонирање ќе оставиме некаква трага.10тина години се замарам со оваа тематика и сите методи ми се пробани верувајте.
Најголем проблем ни е што живееме во ептен гнасно општество и возилата екстремно ни се прљаат па за да ги испереме мора да користиме еден куп абразивни хемии четки сунѓери и останати глупости.
Во врска со Градска,значи се трудиме да понудиме најбрзо и најдобро перење за најкратко време,а не најдобро и најбезбедно перење на светот.
Тврдам дека користиме хемија наменета за автомобили од програмата на Мафра и Лабокозметика,добро ви е познато дека голем дел од нашиве перални користат екстремно абразивна хемија што не е наменета за автомобили.
Покрај тоа што гледаме да се испрани се трудиме и да се колку може за тоа време да се заштитени со користење на брзи восоци и шампони со голема количина на восок кој се исто така многу битни за добра лубрикација на четките како штетата би била помала.
Е сега тие восоци знаат не добро да се отперат за толку кратко време особено летно време и да остават флеки по каросеријата како во горе наведениот случај.
Се работи на случајот и за кратко време ќе се инсталираат нови четки за финално сушење од друг тип на крај од пералната.Се надеваме дека со тие резултатот ќе биде уште подобар.
Се потрудив колку можам најобјективно да ја објаснам целава приказна.Секоја критика и пофалба е добродојдена се разбира.
Како и да е секој сам си одлучува каде и како ќе си го пере своето возило,за среќа па имаме еден куп перални во градов наш убав а богами и у државичево.
Уште еднаш ќе повторам Градска Перална не е најдобра перална,туку нуди безбедно,едноставно и брзо перење.
Sent from my M2007J17G using Tapatalk