На времето, со еден клиент зборевме да му правам сајт. Он мене ми вика да не ми плаќа, него на сајтот да стоела моја реклама, и дека јас така ќе сум направел повеќе пари.
Пошто фирмата (меѓу другото) се занимаваше и со продажба на коли, јас реков да ми дадат една кола во замена. И така на колата стои бренд, па ќе им биде подвижна реклама, и они ќе направат повеќе пари.
Ми се повраќа од „компензација“, гагање и гребење. Да отидам јас кај Едонос, он да ми ја пере колата (и тоа одлично), и на крај да не му платам е навредливо кон него и кон неговиот труд.
Јас ќе си платам, и ќе го фалам насекаде затоа што добро си ја завршил работата, не затоа што ми дал поклон перење.