Кај мене (што би рекле Охриѓани) се имат десено ова:
(Фотографијата е скриена. Кликни тука за да ја прикажеш..)
Значи, сакам со течен метал да пробам да го залепам, незнам која е проводливоста на струја на течниот метал
кај мене на пежото вака се деси, ама приклучокот не е на сред стакло туку е под лајсната од гепекот... па земав го исчистив убаво, алуминиумска фолија (за скара) неколку пати ја првиткав, одоздола дрвце за да загалви и селосно го залеав со двокомпонентен лепак...
значи, колку што знам, ти треба металниот контакт да го загрееш до вцрвенување (со бренерче некое, мап гас или слично) бидејки со леткум нема д ауспееш, па на така загреано да му туриш калај и да го ставиш на место. наглото ладење ке го стврдне одма, а калајот ке се залепи на постоечкото место, бидејки тоа е калај и наместено е на исти начин...
само да те предупредам, дека не ја знам температурата која е за загревање. ако биде потопло, количински повеќе, многу е можно да се деси стаклото да пукне... од истата причина, и јас се одлучив за првото појаснување погоре... со фолии и лепак... и да, работи беспрекорно, нема проблем... ти само ке го скокнеш делот со дрвцето.. алуминската фолија (во 6-7 слоеви свиткана) служи за да ги испегла нерамнините на контактите и воедно да обезбеди добар контакт за проток на струја.. неизбежна е во оваа ситуација, освен ако не калаисуваш како што посочив вториот пат....