Ако планираш да полагаш одреден степен и да добиеш сертификат (на пр. B1,B2,C1) тогаш најдобро ти е да одиш во Лингва Линк (имаат супер брза програма) плус потоа таму и се полага за сертификат, што значи дека ќе бидеш во предност за полагање. Тие се единстено школо во Р.М кои имаат право кај нив да спроведуваат полагање од Goethe институтот и притоа ќе се здобиеш со диплома Goethe која е светски признаена секаде каде што се бара германски јазик. Ама затоа и се најскапи еден интензивен степен чини 300 евра. Плус 100 евра за полагање за диплома.а
Втора опција е да учиш каде сакаш а потоа да полагаш за ТЕLC испит и притоа ќе се здобиеш со истоимениот сертификат кој што истотака е признаен секаде но важи како малку полесна варијанта за добивање. Се полага во Велес во приватнато школо Bravo Schule.
Како евтино школо во СК би ти го препорачал Goethe, имаат одлична забрзана програма и се многу поевтини од Лингва Линк. Јас планирам таму да продолжам од јануари со B1/B2 зависи како ќе се вклопам.