Топ е сезонава. Како што кажа Матеј, трката во Тексас беше одлична. Само жал ми е што кретенот Перез му ја уништи трката на Сутил. Не видовме дали ќе успее да го пренесе темпото од квалификациите.
Воопшто не ми пречи тоа што е забранет развој на моторите на сред сезона. Некои се жалеа дека премногу била важна аеродинамиката, а нив за мотори многу ги бивало. Максимално ја ограничија аеродинамиката, моторите станаа многу поважни, и оп ништо. Ај сега ќе ни пречи што не можеме на сред сезона да ги менуваме моторите.
За крај, Хамилтон апсолутно ја заслужува титулата. На почетокот од сезонава Розберг ми беше фаворит поради честите испади на Луис, ама дечкото си се среди. Прекина да плаче по радио, замолче и го победи на патеката. 10 победи спрема 4. Срамота се само 4 победи со тој болид. Рикардо со мотор од Рено има 3 победи. Во никој случај не би било заслужено ако поради технички проблеми во последната трка, Розберг ја освои титулата.